(ВИДЕО) Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме!

Од:

Со испраќање на порака за здружување на силите на патот кон Европската Унија, Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија вечерва го одржа завршниот митинг во Скопје, непосредно пред изборите закажани за среда.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на присутните граѓани им порача дека двојните избори на 8-ми се последниот повик за Европа и од тоа, нема да се откажат.

„Исто како што не се откажавме изминативе седум години кога се соочивме со многу предизвици. Кога се боревме со сите кризи, со пандемијата, со инфлацијата, со енергетските проблеми! Знаете и самите дека имавме многу подеми и многу падови. Но, во ниту еден момент, ниту се откажавме, ниту се предадовме, ниту се повлековме. Бевме рамо до рамо со граѓаните“, изјави на митингот претседателот Ковачевски.

Ковачевски додава дека во време на СДСМ платите се золемиле за 120% а пензиите за 55%, со антикризни мерки во висина од над 2,6 милијарди евра и 2,5 повеќе странски директни инвестиции со подобри платени работни места.

„ И ова, не е мала работа. Многу поголеми и поразвиени земји од Македонија едвај излегуваа на крај со кризите, а ние единствени од цела Источна европа успеавме да го зголемиме животниот стандард на граѓаните. Тоа го потврди и реномиран виенски економски институт. И горди да бидете сите на тоа, затоа што сите вие дававте поддршка на тие политики кои ги водеше СДСМ, и коалиционите партнери од коалицијата з аевропска иднина. И бидете горди што покажавме на дело дека социјалдемократијата и СДСМ, беа оние кои ги заштитија граѓаните, кои буквално ја спасија земјата од колапс.“, посочи Ковачевски на вечерашниот митинг.

Солидарноста, заедништвото, социјалната држава и правдата, потенцира претседателот Ковачевски, се оние кои помогнаа да се извлечеме од хаосот кои го носеа кризите, но и ни овозможија да одиме напред и да постигнеме одлични резултати.

„ Бидете горди што покажавме јасно дека социјалдемократијата не е само идеологија на хартија, туку е единствен начин како општеството и државата да се подобрат и да обезбедат прогрес и просперитет. И денес имам уште една можност да порачам дека вистинските социјалдемократи се овде, тука на овој плоштад. ВО моментов се и на плоштадот во Битола, не се вистински социјалдемократи оние лажните кои се ујдисаа со наследниците на Ванчо Михајлов и кои заедно со него планираат да им зададат удар на вистинските социјалдемократи. Ама овие социјалдемократи се направени и настанале 1943 година, а оние социјалдемократи оние кои лажно се претставуваат дека знаат што е социјалдемократија па затоа се крстиле веројтно и ЗНАМ тоа се лажни измислени 2021 година, во Белата палата на 200 метри од тука. Бидете горди затоа и што СДСМ е единствената социјалдемократска опција, граѓанска партија, партија со традиција, партија која е длабоко вкоренета во историјата на Македонија. Бидете горди и затоа што ние никогаш не сме се откажале кога требало да се донесат тешки одлуки за државата да оди напред. “, им порача Ковачевски на скопјани.

Тој ги наведе зачленувањето во Обединетите Нации, добивањето на кандидатски статус на Македонија за влез во Европската Унија и зачленувањето во НАТО како тешки, но исправни одлуки што се донесени во време кога СДСМ била на власт и порача дека исто така СДСМ заедно со граѓаните, ќе ја внесе земјата и во ЕУ.

Во обраќање пред присутните на вечерашниот завршен митинг во Скопје, претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, истакна дека не бегаат од одговорност и свесни се за кадровските, политичките и коалициските грешки и за разлика од Мицкоски и Груевски, СДСМ не бега од одговорност и не се крие.

„За направените грешки, ние ја добивме казната. Потполно сме свесни за тоа и ја примивме пораката со достоинство и со почит. И вие видовте и самите, грешките ги прифативме, лекцијата ја научивме. И затоа, сакам да ви порачам од тука, јасно и гласно: ако ја добиеме довербата од граѓаните, тоа повеќе нема да се случува. Тоа е моето ветување до вас“, изјави претседателот Ковачевски.

Ковачевски додава дека стигнавме многу далеку, од заробена држава со угнетени медиуми, истепани студенти, заробено судство и криминал, денес да бидеме земја-членка на НАТО и со започнати преговори за влез во Европската Унија.

„ И за тоа да продолжи мора да се бориме, да продолжиме да ја менуваме Македонија, и да ја направиме европска држава! Да обезбедиме систем за сите, да можат законите да важат за сите, да има исти права за сите, да има ред и поредок, повисок стандард, безбедна и стабилна земја! И за тоа да се случи, има само еден пат, има само еден начин! Со членството во ЕУ, со поддршката на Европската Унија, со нашите стратешки партнери САД и сите наши сојузници кои треба да ни помогнат да направиме подобро место за живеење во Макеоднија а не нивните места да бидат подобри места за живеење за Македонците. Членството во ЕУ е единствениот начин за суштински промени во државата. “, им порача претседателот Ковачевски на скопјани.

Поради ова, додава Ковачевски, ја креирале Програмата за европска иднина, со зголемени плати и пензии, поголема поддршка на младите, подобри услови во образованието, јавното здравство, бизнисот и други општествени сфери.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Гледаме политички пазар, без јавна дебата, за зголемување на државната управа

Горан Наумовски

Ковачевски официјално се повлекува од функцијата претседател на СДСМ

Горан Наумовски

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он