(ВИДЕО) Ковачевски: Целосно укинување на екстерното, а не ново усложнување

Од:

После сите штетни последици кои ги нанесе на образованието со екстерното оценување ВМРО-ДПМНЕ почна да се повлекува.

Со новите законски решенија ВМРО-ДПМНЕ не сака и не може да ги поправи штетите кои ги нанесе. Само се обидуваат да ги ублажат последиците по нивниот рејтинг.

Решенијата со кои се менува терминот на примена на екстерното оценување и чудното решение оценките од екстерното да не влезат во општиот успех се само привидно прикривање на проблемот.

Учениците, родителите, професорите се жртви на нелогични, контрадикторни прашања и мегаломански пропагандни тестови со кои власта на Груевски ги лечи сопствените фрустрации.

Екстерното оценување, наместо дополнително да се усложнува треба целосно да се укине.

Иако привидно се олеснува како процес за оценување на учениците, контролниот механизам за наставниците и понатаму останува со сите свои штетни последици.

Напоменуваме дека владата предводена од СДСМ, како прва мерка во образованието ќе го укине екстерното оценување. При тоа и ќе ги поништиме сите оценки добиени од екстерното оценување во една законска процедура.

За да биде бламот целосен, кога е образованието во прашање, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата решава со амандмански интервенции да го корегира и законот кој го донесоа пред нецели 7 дена за формирање на универзитетот „Дамјан Груев“, па дури и законот со кој ја формираа Академијата за наставници.

По кој знае кој пат, власта во заминување потврди дека нивните избрзани законски решенија донесени без претходни консултации, без потребниот консензус и со одредени шверцерски елементи, се полни со пропусти и се со краток рок на траење.

За сите спроведени експерименти во образованието и за целата штета која им ја нанесоа на сите претходни генерации ученици, штетниците ќе одговараат.

Реформи во образованието ќе има по демократските промени. Но, за нив последниот збор ќе го има стручната фела и се разбира сите оние кои се вклучени во образовниот процес, а тоа се учениците и образовниот кадар, рече на прес конференција, пратеникот Васко Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Николоски: Дали е случајно што РЕК Битола во време на Васко Ковачевски на иста фирма дава два тендери со исти суми, и двата со исти анекси од 20%

Ковачевски останува во ЕСМ: Прво ќе земам одмор од 20 дена па ќе процениме каде ќе бидам ангажиран

Орце Костов

Васко Ковачевски си заминува од ЕСМ за да му се посвети на семејството, одлуката била донесена пред енергетската криза

Орце Костов

Васко Ковачевски поднесе оставка од функцијата директор на ЕСМ

Орце Костов

Нов скок на цената на струјата: за 16 отсто поскапа е понудата од ЕСМ за ЕВН

Орце Костов

Ковачевски: Нова цена на струјата за домаќинствата најдоцна до 22 декември