Ковачевски не се откажал од македонското државјанство потврди министерот Тошковски

Од:

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски информираше дека поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски не е достапен за домашните органи на прогон. Истакна дека полицијата ќе стори се во рамките на надлежности, со цел Ковачевски да биде изведен пред лицето на правдата.

-Вчера имаше многу шпекулации во однос на вашето прашање и каде се наоѓа или дали се откажал од македонското државјанство. Посоченото лице е во рамки на регистарот на државјани на Македонија и е македонски државјанин. Не побарало отпуст, согласно информациите кои што ги имам. Не би сакал да шпекулирам (околу неговата моментална локација, рече Тошковски во изјава за медиумите.

Би можело да ве интересира

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Тошковски: Крајно време е да почнеме да работиме, а не само да зборуваме за европските вредности

Катерина Ѓуровски

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали

Тошковски: Приведени се пет лица за инцидентот во Чаир, 13-годишно дете се бори за живот

Горан Наумовски

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР