Обвинителството за „Адитив“: Ковачевски сторил кривично дело, но моментално нема докази дека е дел од групата

Од:

Васко Ковачевски како име и осомничен е последен произлезен во случајот „Адитив“. Обвинителите утврдија дека и тој има сторено кривично дело. Откако беа обезбедени докази дека е вмешан во дел од случајот, спроведена е постапка и за него, беше речено денеска на брифинг во Обвинителството.

Според шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, за Ковачевски стои основ за несовесно работење во службата.

-Сега засега е тоа. Анализираме. Над 30 телефони се одземени. Моментално не поседуваме докази дека е дел од групата. Анализираме уште, рече Абази.

Во однос на останатите осомничени и дали се побарани мерки за замрзнување на имот, Абази истакна дека се опфатени повеќе кривично-правни настани, како во РЕК Битола, така и во ТЕЦ Неготино и дека дел се работи во МВР, а дел во финансова полиција. -Ќе објавиме соопштение за мерките откако ќе поминат во судот, посочи тој.

Абази потврди и дека Ковачевски има уште една пријава од 2020 година, но, како што објасни, тој и сегашниот случај не се поврзани.

-Точно е дека за Ковачевски сме имале кривична пријава, сме ја реферирале до Републичкото јавно обвинителство и сме донеле решение за нејзино отфрлање. Поднесена беше жалба до Вишото јавно обвинителство кое ни го врати предметот со одредени напатствија. Постапивме по напатствијата и повторно ја отфрливме пријавата. Сега повторно Вишото обвинителство го вртати предметот на одлучување и во тек е постапката. Ќе ги разгледаме напатствијата и ќе донесеме соодветна одлука, рече Абази.

Би можело да ве интересира

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

Обвинителството започна истрага против сопственичка на салон за убавина и нејзини соработници кои шверцуваа филери и средства за слабеење

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за маж од Скопје кој три години силуваше малолетно дете и го снимаше

Горан Наумовски

Истрага на Обвинителство за судски полицаец и доставувач за „примање награда за противзаконито влијание“

А1он

Обвинителството ќе бара притвор за 12 осомничени во случајот со дерматолозите, а за петмина мерки за претпазливост