(ВИДЕО) Костовски: Условите во кои се држат притворените се како во нацистички логор

Од:

Условите во кој што се сместени притворените за настаните од 27-ми април во Истражниот затвор Шутка се како во нацистички логор, обвини Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Хунтата се изживува со притворените патриоти. Додека затворската управа има греење и услови за работа, притворените во сред декември се сместени во ќелии со расипани прозори кои не се затвораат, а греење има само двапати во денот во времетраење од 1 час. Мувлата и влагата се редовен декор во секоја една ќелија во која се сместени патриотите. Луѓето наместо да можат да ја спремаат својата одбрана, тие се фокусирани како да издржат и преживеат во нацистичкиот затвор на хунтата“, рече Костовски.

Тој вели дека помеѓу притворените има и болни луѓе кои секојдневно мора да примаат соодветна медицинска терапија, луѓе кои што треба да живеат и престојуваат во нормални услови, зошто се друго за нив е загрозувачко.

„Да изложите такви луѓе на такви нехумани услови е акт на тортура, каква што имало само во нацистичките логори на смртта“, рече Костовски и додаде дека затворската полиција дејствува како партиска полиција на хунтата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус