(ВИДЕО) Костовски: Отстранување на споменикот на Ќосето е резултат на спроведување на договорот за добрососедство со Бугарија

Од:

„Изјавата на бугарски европратеници во кои што го поздравуваат отстранувањето на споменикот на Андон Јанев Лазев – Ќосето се недолични, но очекувани со оглед на срамните антидржавни политики на Зоран Заев.

Затоа МНР молчи кога фигури од македонската историја се прогласуваат за Бугари, а бугарски европратеници на шега или сериозно му сугерираат на Заев нивните спомен обележја да ги префрли во Благоевград.

Македонската јавност е шокирана од изјавите со кои се поздравува одлуката за отстранување на спомен обележјето на Андон Лазов Јанев-Ќосето бидејќи е резултат на спроведување на договорот за добрососедство со Бугарија. Јавноста не сака да верува дека рушењето на споменици е дел од договорот за добрососедство со Бугарија, но после премолчувањето од страна на МНР се сомнева.

ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати потенцираше дека овој договор е асиметричен и прашува дали има и други споменици кои треба да бидат срушени како резултат на договорот за добрососедство. Што се уште ветил Заев во четири очи, а граѓани на Република Македонија не знаат?“, прашува Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во стилот на ИСИС и талибанците, во стилот на Ал Багдади и Мула Омар, СДСМ започна со рушење на македонската историја и обележјата на македонските историски ликови. Во раните утрински часови под превезот на ноќта, СДСМ го отстрани споменикот на современикот на Гоце Делчев и Даме Груев, Андон Лазов Јанев-Ќосето, а со тоа се обиде да ги урне идеалите за кои овој човек се борел целиот свој живот.

СДСМ се обидува да го урне идеалот на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев-Ќосето за независна, демократска и слободна Македонија. На власта и пречи се што е македонско, на СДСМ и пречи македонската историја, македонскиот идентитет и народ. Срамниот чин кој го направи оваа власт нема да го сокрие ноќта.

Со лаги и манипулации, како и секогаш СДСМ се обидува да го оправда овој вандалски чин, но за некои работи нема оправдување, а сторителите на овој вандализам вечно ќе останат запаметени.

Партијата на власт наместо да гради таа руши, наместо да создава уништува, а наместо живот донесе неспособност и расипништво.

Градоначалниците на СДСМ во предизборието ветуваа реновирање на улици и патишта, изградба на булевари и кружни текови, спортски сали, водоводи и канализација. Во нивната предизборна кампања ветуваа многу, но не ветија рушење и отстранување на спомен обележјата на македонската историја.

ВМРО ДПМНЕ откако повторно ќе се врати на власт ќе ги врати спомен обележјата, а за секој што постапувал надвор од законот ќе се бара соодветна одговорност“, изјави Дарко Костовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања, затоа изгубија 140.000 гласови

А1он

ВИДЕО: Нова оставка во СДСМ и повик за смена на раковдството

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски