(ВИДЕО) Костовски: Милошоски да поднесе оставка, документи потврдуваат, осуден е за кривични дела во Германија

Од:

„Вистината секогаш победува. Пратеник кој ги лаже граѓаните не може да ги претставува, фатен во сопствените лаги треба да се извини и да се повлече.

Според последните информации објавени во медиумите, покрепени и со документи, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антинојо Милошоски, бил осуден за сторени кривични дела во Германија.

Осуден од суд во Ахен и казнет со парична казна за сторените дела“, вели Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

„Според објавениот документ еден од основите за казната се однесуваат на „кражба и злоупотреба на мала вредност“ и „придобивки со измама“, согласно германското законодавство.

Наместо да излезе пред јавноста, да одговори, Милошоски се обиде да се сокрие зад социјалните мрежи и несмасно да обвинува други за шпекулации.

Неговиот шеф, Христијан Мицкоски, исто така се криеше од јавноста.

Но, вистината како што реков исплива на виделина, излегоа документи кои го потврдуваат скандалот.

Антонијо Милошоски, докажаниот извор на лажни вести, и близок соработник на Мицкоски е фатен во нова лага.

Ова е крајно нечесен однос од ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните. Ништо не се менува во оваа партија, се уште заробена во криминалната режимска матрица.

Ова е скандал кој целосно ги потопува Милошоски и Мицкоски, но и го нарушува меѓународниот углед на земјава.

Граѓаните знаат дека против Милошоски се води предмет и постапка и пред македонските судови.

А Милошоски ја злоупотребува собраниската говорница за да шири лажни вести, го девалвира Собранието и ја срамоти државата.

Политичарите имаат обврска и одговороност пред граѓаните и затоа Милошоски треба да се извини и си поднесе оставка“, изјави Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он