(ВИДЕО) Костовски: Ќе изградиме три нови детски градинки во Радишани, Бутел 1 и Визбегово

Од:

Ветувам дека ќе изградиме 3 нови детски градинки. Една нова детска градинка ќе изградиме во населеното место Радишани, каде што се наоѓа старото училиште. Една нова детска градинка ќе изградиме во Бутел 1, на постоечки стар објект од детска градинка, изјави Дарко Костовски, градоначалник на Бутел.

https://www.youtube.com/shorts/9_89HEbLYrQ

– И една нова детска градинка ќе изградиме во населеното место Визбегово, исто така каде што се наоѓа старото училиште. Тоа што сакам да го истакнам е дека за време на 4 години успеавме да изградиме две нови детски градинки, една во населеното место Бутел 1, и една во населеното место Бутел 2 која што е во финална фаза и наскоро ќе има свој почеток. Она што сакам да го истакнам е дека навистина во предучилишната возраст вложивме многу, инвестиравме како никогаш досега. За период од 4 години вложивме 150 милиони денари во инфраструктура за градинките и подобрување на условите за нашите најмали, нагласува Костовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Во недела изберете луѓе со интегритет, не послушници на Мицкоски

Ливриниќ на средби со жителите на населбата Ферид Бајрам – најавени нови инфраструктурни и комунални инвестиции

Ливриниќ: Ќе изградиме нова зелена оаза и простор за рекреација за сите генерации

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Костовски: Во општина Бутел направивме спортска револуција

Горан Наумовски

Шукова: БРТ системот ќе го подобри транспортот и во Општина Бутел, планираме воведување на две клучни линии

Горан Наумовски

Костовски: Општина Бутел ја распиша тендерската постапка за изградба на нова поликлиника