(ВИДЕО) Костовски: Градоначалникот на Бутел во ек на коронавирус потроши половина милион евра за вработување на партиски војници

Од:

„Велимир Смилевски, градоначалник на Бутел, поставен од Зоран Заев потроши половина милион евра за полнење на општинската администрација во ек на корона вирус.

Да, додека владата им зема на компаниите и граѓаните и размислува да намали плати, додека буџетската дупка е 1.2 милијарди евра, Смилевски во Бутел троши пола милион евра за згрижување на партиски пајташи во администрацијата на општина Бутел“, рече Дарко Костовски, ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема пари за заштита на лекарите, но има пари за партиски вработувања на СДСМ кои служат како поткуп пред избори. Медицинскиот персонал во амбулантата во Бутел сам си купува заштитна опрема, аммбулантата е сместена во руинирани бараки, кои прокиснуваат и наместо тоа да е приоритет, Смилевски решава парите да ги потроши на поткуп по примерот на својот шеф – Заев.

Се работи за чист предизборен поткуп. Затоа што:

Нема зголемен обем на работа. И администрацијата која е веќе ангажирана не оди на работа во полн состав.

Ангажирање на 130 луѓе создава превработеност во администрацијата, се оптеретува буџет, што на долг рок е неиздржливо.

Процесот на ангажирање се прави за време на вонредна состојба преку агенцијата за времени вработувања. Никој не знае како се избрани кандидатите. Едноставно логички се заклучува дека изборот паднал на најдобрите на Велимир.

Граѓаните ве прочитаа. Поткупот кој го правите, додека луѓе умираат, доктори и медицински сестри се заразуваат е повеќе од очигледен и мизерен. И за сите незаконитости ќе одговарате“, изјави Дарко Костовски, ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски