(ВИДЕО) Костовски: Ако власта имаше систем за справување со кризата и набавеше вакцини, Македонија немаше да биде рекордер по заразени и починати од Ковид-19

Од:

„Македонскиот народ има една тешка ситуација, практично во еден од најтешките периоди за македонската држава, а тоа е оваа пандемија, меѓутоа ужасно е најтежок заради тоа што оние кои се справуваат со неа,а тоа е на чело со Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче се сигурно најнеспосoбните политичари во историјата на Република Македонија. Тоа дополнително ја комплицира ситуацијата и токму затоа луѓето се креваат на протести се до оној момент додека овие луѓе не заминат на темната страна на политичката историја, а тоа ќе биде многу наскоро“, истакна Дарко Костовски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест пред Министерство за здравство.

Тој во текот на своето обраќање укажа дека оваа Влада има два столба, а тоа се претерување и неизвесност.

– Оваа влада многу ќе ме потсети и на моментот на претерување. Практично двата столба на оваа Влада се неизвесност и претерување. Значи македонскиот народ во моментов чувствува неизвесност и класично претерување.Гледаме се возат со хелихоптери, се возат со мотори тоа доаѓа најчесто кога ќе изгубите тло под нозе, кога нема да имате реална слика, рече Костовски.

Пратеникот Костовски порача дека дека доколку власта набавеше вакцини и имаше систем за справување со ковид кризата бројката на заразени починати немаше да биде толку голема.

Јас немам дилема дека секој човечки живот изгубен во оваа пандемија е грижа на владата. Доколку имаше било каков ситем за справување со кризата, доколку не бевме подбив на регионот и светот особено со моментот со вакцините, јас сум убеден дека бројката вчера немаше да биде 50 починати и дека бројот на заболени немаше да бидат толку многу, туку ќе беа многу помалку. Меѓутоа ова несмаснот од владата по однос на сите прашања мора да запре час поскоро. На Македонија и е потребна една добра влада кој ќе внесе сигурност и скромност и ќе покаже дека знае да се справи со предизвиците, додаде Костовски.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски