(ВИДЕО) Костадинов: Заради калкулации ВМРО-ДПМНЕ не спроведе попис

Од:

„Да не беше жално, ќе беше смешно, но ништо не нė изненадува од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Практично кога секогаш треба да се донесат крупни одлуки, одлуки коишто се во интерес на државата, ние знаеме самиот попис колку е важен да се спроведе за државата, знаеме дека долги години не се спроведуваше токму заради политички калкулации од страна на тогаш или порано владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а сега опозициска партија. Јас очекувам дека сите политички субјекти ќе ја разберат суштината и потребата од пописот на населението. Очекувам и ВМРО-ДПМНЕ да се охрабрат и да се откажат од намерите за бојкот, си има начин како во рамките на Собранието, во рамки на преговарачки групи и во рамки на партиите каде може да се дискутира тоа, а на крај да се донесе одлука којашто ќе биде во интерес на граѓаните“, одговори Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник, на новинарско прашање.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела