(ВИДЕО) Костадинов: Зад бојкотот на пописот стои Груевски кој сака да закочи се

Од:

„Целиот наш народ виде, се потврди, зад блокадите, бојкотот и саботажите на пописот како статистичка операција стои побегнатиот криминалец во Будимпешта, Никола Груевски.

Исто така почитувани граѓани се потврди дека Христијан Мицкоски не е ништо друго освен слеп послушник на насоките на Никола Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ со Груевски и Мицкосвски се против напредокот на оваа земја и единствено бараат начин како да блокираат“, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Тие не сакаат ова земја да успее, тие се за назад, да стоиме во место, да закочат се.

Најавите за собирање потписи покажуваат неискрен однос на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните. Затоа што потписите не го ставаат надвор од сила Законот, туку треба нов закон. А нов предлог закон може да поднесе секој пратеник во собранието.

Пописот е многу важна статистичка операција за планирање натамошен развој на земјата, економски пред се.

После цели 20 години ни требаат вистински, реални информации за состојбата и потребите на нашето население, на нашиот народ.

Ние за тоа да зборуваме и работиме, за попис од којшто зависи квалитетот и ефикасноста на сите понатамошни политики – економски, образовни, здравствени, културни, социјални.

Не треба само да знаеме колку луѓе живеат во државата а колку надвор, која етничка припадност се, колку се млади, колку возрасни, во урбани или во рурални средини, која е образовната или социјалната структура.

Пописот е важен за врз основа на сите собрани податоци да се креираат долгорочни економски политики за развој, за стопанството, за подобри услови за живот на сите наши граѓани, согласно нивните потреби.

Имаме независни државни институции како што е Државниот завод за статистика. Пописот е во рацете на професионалци и ќе се спроведе согласно меѓународни стандарди.

Оваа пролет по цели 19 години Северна Македонија ќе спроведе попис по сите меѓународни стандарди, по сите критериуми на Евростат.

Затоа што тоа е одговорно и затоа што тоа е потребно на народот и државата“, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

СДСМ: Мицкоски едно зборува дома за уставните измени, друго надвор, не може да му се верува

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески