(ВИДЕО) Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ не ја свикува собраниската комисија ги крши роковите за избор на Програмски совет на МРТВ

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ беше и останува кочничар на медиумските реформи. Претседателот на Комисијата за избори и именувања од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, не свикува седница на Комисијата.

На овој начин ВМРО-ДПМНЕ ги прекршува роковите за избор на членови на Програмскиот совет на МРТ и членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Со таквиот однос, веројатно, Димовски и ВМРО-ДПМНЕ се надеваат на партиски пазарења, кои се спротивни на целите на законот и кои, со сигурност нема да се случат.

Очигледно единствена причина е зачувувањето на нивните партиски кадри во МРТВ и АВМУ, кои доведоа до катастрофалната состојба со медиумите во која беше нашата држава.

Состојбата во МРТВ, е единствена критика од Извештајот на Европската комисија и обврска на сите е да се обезбеди независен и професионален Национален сервис .

Јасно е зошто само ВМРО-ДПМНЕ, партијата што создаде заробена држава, е против независни и прфесионални институции, против независна Агенција и независен и професионален Програмски совет во МРТ.

За потсетување членот на програмскиот совет на МРТ, Косана Мазнева, токму од страна на Христијан Мицкоски беше назначена за негова советничка во неговиот кабинет во ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е потврда за односот на ВМРО-ДПМНЕ кон медиумите но и уште еден доказ за потребата од сериозни реформи во јавниот сервис кои ќе овозможат професионализација на МРТ.

Како одговорна партија, бараме законот да се почитува и веднаш да се свика Комисијата за избори и именувања затоа што мораме да ја започнеме јавната и транспарентна постапка за избор на членови на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ.

Напредокот што го постигна нашата држава во делот на медиумските слободи, јасно ја покажува нашата заложба за слободни, професионални и независни медиуми. Реформите, почитувани граѓани, мора да продолжат“; изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време