(ВИДЕО) Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ е против раст на платите, против поврат на ДДВ, ние обезбедуваме повеќе пари за граѓаните

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се против секоја мерка што обезбедува повеќе пари за граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ преку членот на Извршниот комитет Трајко Славевски порача дека е против да се покачи минималната плата.

За потсетување, минималната плата за време на владењето на ВМРО-ДПМНЕ изнесуваше 10.800 денари, а денес е 12.507 денари. Во меѓувреме отворен е процес за ново, дополнително зголемување на минималната плата“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Научени на грабање, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не сакаат платите да растат, туку сакаат да завршуваат во белиот дворец.

ВМРО-ДПМНЕ се противи и на мерката Мој ДДВ за поврат на 15 отсто од платениот ДДВ за граѓаните. Со оваа мерка за нешто повеќе од два од месеца, над 2,2 милиони евра легнуваат директно на сметките на граѓаните.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да се помират со тоа што преку бројни мерки се повеќе пари завршуваат кај граѓаните.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да се врати времето кога се богатеа неколкумина во белиот дворец, но тој филм нема да го гледаат.

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат раст на платите и повеќе пари во секое семејство“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

Онлајнмедиа со осуда за прес конференцијата на СДСМ: Партијата не смее да дискредитира медиуми

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Медиумски октопод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

СДСМ: На македонскиот работник му се потребни 12 години за да заработи колку што чинат часовниците на Мицкоски

Горан Наумовски

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта