(ВИДЕО) Костадинов: Што сака да сокрие Мицкоски, линковите со Орце Камчев или неговата улога во Рекет?

Од:

„Христијан Мицкоски повторно бега од јавноста, бега од граѓаните. Мицкоски не одговара на јавно поставено прашање: дали Орце Камчев, тајкун од режимот и обвинет во предмети на СЈО, финансирал изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ?

Нема одговор ниту од Игор Јанушев, потписник на сметката на партијата.

Но, видовме дека Орце Камчев, рипна да го брани, но молкот на Мицкоски, Јанушев, молкот во ВМРО-ДПМНЕ зборува многу“, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Да потсетиме, исто така молчеше и кога го пршувавме за неговите средби со Зоки Кичеец, еден од осомничените во случајот познат како “Рекет“, за да на крај излезе и одговори дека всушност средба имало.

Останува прашањето: што е тоа што Мицкоски не сака да се дознае во јавноста за случајот, во јавноста познат како „Рекет“?

Дали се тоа линковите со Орце Камчев или можеби неговата улога во овој случај?“, прашува Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме