(ВИДЕО) Костадинов: Осудени насилници и криминалци стојат зад Сиљановска, затоа не го осуди насилството од 27 април

Од:

„Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска е поддржана од насилници, осудени за насилствата за 27 април.

Меѓу поддржувачите на Сиљановска е и Игор Југ, познат на јавноста како еден од осудениците, осудени за настаните од 27 април за терористичко загрозување на уставниот поредок.

Меѓу нејзините поддржувачи е и осудениот криминалец во бегство, Никола Груевски“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Осудени криминалци стојат зад Сиљановска, тоа кажува се.

Дали Сиљановска си ја купи поддршката од овие насилници и криминалци со молкот за крвавите настани од 27-ми април?

Затоа ли Гордана Сиљановска не го осуди насилството, обидите за убиства на пратеници?

Затоа ли Гордана Сиљановска не го осуди криминалот на нејзниот поддржувач и промотор, сега пребеган во Будимпешта, Никола Груевски?

Граѓаните не смеат и нема да си дозволат на висока државна позиција да има човек зад кого стојат насилници и криминалци.

На државата не и треба тоа. На државата и треба вистински претседател кој навистина ќе се залага за правда и правичност.

Затоа, во недела граѓаните ќе дадат масовна поддршка за Стево Пендаровски и неговиот концепт што води напред.

Република Северна Македонија ќе добие вистински претседател на сите граѓани кој нема да брани криминал, туку ќе се залага за правда и еднаквост пред законите“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?