(ВИДЕО) Костадинов: Мицкоски признава дека е анти НАТО и анти ЕУ

Од:

„Пред насилниот упад во Собранието на Република Македонија, Никола Груевски за претседател на кадровата комисија во ВМРО-ДПМНЕ го назначува Христијан Мицкоски – неговата десна рака.

Додека насилно се спречуваше јасно изразената волја на граѓаните и се реализирал монструозен план, Мицкоски бил прв човек на кадровата комисија на ВМРО-ДПМНЕ.

По сведочењата во судскиот процес, во јавноста се појавија засилени сомнежи дека упадот во Собранието бил координиран од центар сместен во овој луксузен дворец зад мене, во време кога токму Мицкоски бил претседател на кадровата комисија на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Мицкоски треба да одговори за неговата улога како прв човек на кадровата комисија на ВМРО-ДПМНЕ дали учествувал и во изборот на партиски кадри кои го координирале нападот врз Собранието на 27 април.

Мицкоски му должи се на својот ментор Никола Груевски, кој потоа го назначува за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и од кого го добива земјиштето за бизнисот со хидроцентралите.

Затоа Мицкоски се обидува преку деструкции и блокади да ја закочи иднината и да го одбрани криминалот на неговиот ментор Груевски.

Во јавните настапи, меѓу кои и оној од вчера пред Владата, Мицкоски ги повикува граѓаните да кажеле НЕ, дека немало иднина за Македонија.

Самиот признава, за Мицкоски ЕУ и НАТО не се иднина. Мицкоски е анти НАТО и анти ЕУ!

Токму затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се во истата антизападна матрица заедно со некогашниот сопартиец Филип Петровски, со некогашниот коалиционен партнер Јанко Бачев и гласноговорникот на режимот, Миленко Неделковски“, изјави Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните