(ВИДЕО) Костадинов: Компанијата на Мицкоски добила земјиште од Владата на Груевски кога тој му бил советник

Од:

„Денеска јавноста ќе дознае зошто антизападниот пион Христијан Мицкоски три дена се крие од јавноста и одбива да одговори за шемите со неговиот ментор, носителот на криминалот Никола Груевски.

Антизападниот пион Христијан Мицкоски добил долготраен закуп на речиси 33 илјади метри квадратни-земјиште, од Владата на неговиот ментор, Никола Груевски, и тоа во време кога му бил советник за енергетика!“, рече Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

„Еве ја Одлуката објавена во Службен весник.

На 1-ви декември 2015 година, во време кога Мицкоски му бил советник на Груевски, по пат на непосредна спогодба, од Владата на истиот тој Никола Груевски, добил 33 илјади квадратни метри за изградба на хидроцентрала, во Катастарската општина Пехчево.

Земјиштето, сопственост на Република Македонија, од Владата на Груевски е доделено на конзорциумот во кој што е и фирмата каде сопственик е Мицкоски, „Енерготек ДОО Скопје“.

Ова е класичен судир на интереси. Во тоа време, декември 2015 година Христијан Мицкоски му бил советник на тогашниот премиер на Владата, Никола Груевски, и тоа за енергетика.

Ова се шемите на антизападниот пион Мицкоски и неговиот ментор, Никола Груевски.

За овој класичен судир на интереси, кога е доделено земјиштето во време кога Мицкоски му бил советник на Груевски за енергетика, очекуваме надлежните институции да реагираат.

Антинародното и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ вчера призна дека Мицкоски експресно добивал бизниси од Владата на Груевски но лажно тврдеше дека тоа не било во времето додека му бил советник.

Фатени во уште една лага, антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, заглавено во сопствената изолација, денеска треба да им се извини на граѓаните за тоа што ги излажа.

Очигледна е спрегата меѓу Христијан Мицкоски и Никола Груевски.

Мотивите поради кои антизападниот пион Мицкоски ги следи погубните политики на неговиот ментор Груевски излегуваат на површина.

Ги повикуваме преостанатите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да не ги следат овие антизападни и криминални политики на дуото Груевски – Мицкоски, туку да се приклучат на процесите што обезбедуваат иднина во ЕУ и НАТО“, изјави Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник