(ВИДЕО) Костадинов: Jасна е поврзаноста на Атанасовски со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, затоа го бранат криминалот

Од:

„Пополека се одмотува мрежата, се отплеткува клопчето околу нарачателите и извршителите на насилството од 27 април.

Сведочењата во рамки на транспарентниот судски процес го откриваат монструозниот план што требало да се спроведе, овде, во Собранието. Нарачан и планиран од структури на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Поранешниот прв човек на УБК, Владимир Атанасовски, повеќе обвинети во процесот за 27 април директно го посочија како организатор и соучесник на монструозните планови за убиства на политичари, линч на новинари, палење и уништување на автомобили и домови на пратеници.

Истиот тој Владимир Атанасовски, според јавно достапни информации во медиумите, е советник за безбедност на антизападниот пион Христијан Мицкоски“, рече Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Пред неколку месеци Христијан Мицкоски го пратил токму Атанасовски овде, во Собранието, да нуди решенија за реформа на системот за следење на комуникациите, во рамки на работата меѓу партиите за усогласување околу законските одредби.

Очигледна е поврзаноста на Атанасовски со антизападниот Христијан Мицкоски и актуелното антинародно раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Ете затоа Мицкоски е против помирувањето, затоа повикува на протести и блокади, затоа бара амнестија за нарачетелите и извршителите на насилството.

Мицкоски единствено сака да ги спаси од одговорност неговите најблиски соработници и неговиот ментор, криминалецот Никола Груевски.

Последните случувања во процесот за 27 април покажуваат зошто не смее да има амнестија за нарачателите и извршителите на насилството.

Ова е уште една потврда дека треба да се направи разлика помеѓу оние кои свесно, со умисла организирале, нарачале и извршиле насилство од оние кои не извршиле насилство и биле заведени“, изјави Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Обвинителство се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во ОЈО?

А1он

(ВИДЕО) Жерновски: Македонското обвинителство не може да молчи, да отворат истрага за унгарскиот кредит

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте