(ВИДЕО) Костадинов: Извештајот на УКИМ потврди – Мицкоски не магистрирал и не докторирал во Италија и Германија

Од:

„Уште еден ден без одговори од Христијан Мицкоски за неговите лаги, за лажната магистратура, за лажниот докторат, наводно стекнати во Италија и Германија.

На средбата со бугарскиот премиер Борисов, Мицкоски кажа дека бил магистрант и докторант во Германија и Италија. Сега никаде го нема, молчи, се крие.

Секој ден го повикуваме да каже зошто ги лажеше граѓаните, зошто го лажеше премиерот Борисов“, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Фактите потврдуваат, Мицкоски.

Ова е рефератот, Извештајот од изборот на Христијан Мицкоски за професор на Машинскиот факултет во Скопје, објавен во Билтенот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

На ниту едно место во овој документ, ниту во биографските податоци, ниту во која било биографија на Мицкоски не стои дека тој магистрирал и докторирал во Германија и Италија.

Секојдневно се потврдува, Мицкоски е нечесен и неискрен политичар, едно зборува дома друго надвор, лажеше за Договорот со Бугарија, лаже за магистратурата и докторатот.

Ако се дрзнува да лаже за своето образование, колку ли Мицкоски лаже за политика?

Дополнително Мицкоски го омаловажува Универзитетот Свети Кирил и Методиј и Машински факултет.

Или пак Мицкоски се срами затоа станал аситент на факултетот каде професор бил и неговиот татко?

Kариерата на Мицкоски ниту е професионална, ниту е академска, ниту е политичка.

Неговата кариера е измамничка и манипулативна. Впрочем, каква може да биде кариерата на човек чиј ментор е Никола Груевски?“, прашува Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус