(ВИДЕО) Костадинов: Чулев да го расчисти случајот со експлозивната направа во објектот на Мисајловски

Од:

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов рече дека СДСМ и лично тој го осудуваат настанот и ги повикуваат надлежните институции до крај да го истражат настанот со фрлената експлозивна направа врз објект на Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ и носител на листа и да го најдат сторителот.

-Најповикан во овој случај е Наќе Чулев, министерот за внатрешни работи, којшто ние имаме можност како граѓани да видиме за што навистина и како го злоупотребува Министерството за внатрешни работи. Секако, имавме можност да видиме како снима видео спот за партиски цели, наместо да се грижи и да се занимава со она што значи обврска како министер за внатрешни работи, рече портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Струмица.

Додаде дека дополнително би сакал да одговори, како што рече на една лажна вест од претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој сериозно го обвинува СДСМ за настанот со објектот на Мисајловски.

-Уште еднаш ќе кажам дека станува збор за лажни вести и го повикувам Мицкоски да каже од каде му е таквата информација, дополнително затоа што сме сигурни во тоа што го кажуваме. Го повикуваме МВР да го истражи случајот и да ја потврди лажната вест на Христијан Мицкоски, дополни портпаролот на СДСМ, Костадинов во одговорот на новинарско прашање.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош