(ВИДЕО) Коруновска: Правната рамка за организирање јавни собири е добра, недостига имплементација

Од:

Во зависност од тоа колку темата е исполитизирана, гледаме различна примена на самата слобода. Правната рамка за организирање на мирни јавни собири е добра, но не се имплементира во пракса. Вака Неда Коруновска од невладината „Реактор“ ја објаснува состојбата со јавните собири во Македонија, осврнувајќи се на тоа дека изминатите години се одржале низа специфични јавни собири.

– Сведоци сме на различните ситуации на специфични јавни собири, на кои имавме масовни приведувања од страна на полицијата, што не е дозволено според европските стандарди, нермирни контрапротести кои не беа разбивани и насилни контрапротести кои беа одржувани. Што се однесува до контрапротестите организирани од страна на владата, Македонија не е исклучителна во однос на регионот, каде постојат слични тенденции и пракси. Исти примери имаме во Бугарија, каде владата организираше контрапротести, но и собирање потписи против демонстрантите, тука спаѓаат и Црна Гора и Унгарија, изјави Коруновска.

Катерина Хаџи – Мицева Еванс од Европскиот центар за непрофитно право истакна дека властите имаат фобија од јавни собири, па како реакција на тоа просторот за граѓанска активност се стеснува, а јавните собири се подложни на насилства и се ограничуваат. Според неа, потребно е да се скокнат многу административни пречки да го оствариме правото на собир и да го изразиме мислењето.

– Се носат закони да се легитимираат одредени владини дејствија, со кои собирите се дозволуваат на места кои се сметаат како јавни, но гледаме дека владите како да се чекор пред нас, знаат кои места ќе ги привлечат луѓето и однапред закажуваат свои настани. Масовните собири се случуваат поради фрустрациите на луѓето, бидејќи не можат да влијаат на одлуките кои се носат. Тренд е јавните собири да ги потегнат младите, кои сакаат да сменат нечие однесување и делување – изјави Хаџи Мицева – Еванс.

Таа објасни дека тренд на ограничувања на собир на јавен простор не постои само во земјите во развој, туку и во развиените демократски земји, каде се усвојуваат закони со што се попречува правото на јавен собир и се воведуваат драстични мерки.

Како што информираше преставникот од ОБСЕ и ОДИХР Мајкл Хамилтон, до неодамна Комитетот за човекови права имаше малку случаи за слободата на јавен собир, но во последните години има неколку одлуки кои се однесуваат на Белорусија.

– Ако организирате собир како реакција на некој неодамнешен настан, времето на вашиот собир е од суштинско значење за ефективноста на вашата порака. Контрапротестите се еднакво право како протестите, но, сепак, постојат одредени ограничувања – изјави Хамилтон.

Директорот на канцеларијата за развој на УСАИД, Мајкл Стивејтер, посочи дека слободата на говор е размена на информации во рамки на општеството меѓу граѓаните и владата и ја претставува транспарентноста и добро владеење. Зборувајќи за слободата на говор и здружување во САД, Стивејтер рече дека тоа право не е апсолутно.

– Слобода на говор, здружување и медимуте се дадени во 1 Амандман во Уставот на САД. Тие имаат за цел да подобрат размена на идеи. Со амандманите се заштитува не само говорот, туку и лицето кое ги добива информациите. Правото на говор и здружување не е апсолутно, туку понекогаш може и да го ограничи правото на говор доколку се употребуваат различни навреди – изјави Стивејтер.

Регионалната дводневна конференција „Заштита на просторот за мирен јавен собир во Југоисточна Европа“, која завршува утре, се спроведува од страна на Фондацијата „Отворено општество – Македонија“ во соработка со младински образовен форум, Центар за граѓански комуникации, Форум – Центар за стратешко истражување и документација и „Реактор“ – Истражување во акција.

 

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Негативни коментари по дебатата на МРТ: „Ова не е дебата, туку квиз“

Јакимовски е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

Орце Костов

Одговорноста за врсничкото насилство е во целото општество и проблемот треба да се решава системски

Болсонаро навреди новинарка за време на дебата: Заспиваш размислувајќи за мене

А1он