ВИДЕО: Конференција посветена на улогата на правните експерти во отворањето на поглавјата 23 и 24

Од:

Темите поврзани со Поглавјето 24 од пристапните преговори со ЕУ честопати се оценуваат како области на јавна политика кои се посебно значајни за суверенитетот на една држава и нивната основна цел е да обезбедат слободно движење на луѓе, со гарантирање на нивната безбедност, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Конференцијата посветена на улогата на правните експерти во отворањето на поглавјата 23 и 24 во процесот на преговорите за членство во Унијата.

На конференцијата, што се одржа во организација на ОБСЕ, Спасовски истакна дека овие области се клучни за обезбедување на темелите на една демократска држава и се императив за безбедноста на граѓаните. Тие обединуваат 12 подобласти, како што се азил, миграција, надворешни граници, визна политика, борба против организираниот криминал, трговијата со дрога, тероризмот и трговијата со луѓе, царинска соработка, полициска соработка, судската соработка во граѓанските и кривичните предмети и фалсификувањето на евра.

Во изминатите години, рече Спасовски, се соочивме со најголемите предизвици од ова поглавје, кои беа не само актуелни по своето значење, туку и предизвици чија имплементација во минатото долго време беше одложувана поради немањето политичка волја или доволно ентузијазам за воведување на промени.

Спасовски ја нотираше и реформата на разузнавачките служби, како и воспоставувањето на новиот систем за следење на комуникациите, кои исто така произлегуваат од Поглавјето 24.

– Исполнувањето на високите стандарди кои ги има Европската унија во овие области налагаа да се спроведат тектонски промени во нашата држава, но со задоволство можам да констатирам дека овие процеси се одвиваа транспарентно и со инклузивност на сите релевантни субјекти. Верификацијата од Европската комисија не изостана – Република Северна Македонија ги исполни сите барања за отпочнување на процесот на пристапните преговори, рече Спасовски.

Тој се осврна и на се уште недобиениот датум за почеток на пристапните преговори, нагласувајќи дека земјата останува посветена на членството во Европската Унија и НАТО.

На конференцијата покрај претставници на министерствата за внатрешни работи и за правда, учествуваа и експерти од различни области на правото, како и претставници на ОБСЕ и ЕУ.

Би можело да ве интересира

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат