ВИДЕО: Комплетно реновиран објектот на СВР Велес

Од:

„Денеска сме во посета на Секторот за внатрешни работи- Велес, во објектот кој комплетно го реновиравме со цел да обезбедиме подобри услови за работа за полициските службеници, што е дел од програмата која ја спроведуваме во изминатите година ипол, а ќе продолжиме и во иднина“, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по посетата на СВР Велес.

Во овој објект вложени се 3.600.000 денари и извршена е комплетна санација на покривната конструкција, замена на целата фасадна столарија со ПВЦ прозорци, фарбање на фасадата, молерофарбарски работи на целиот објект, изработка на бетонско плато во кругот на Секторот, како и изработка на вентилација и канализација во магацинот за чување на оружје.

-Она што го затекнав кога дојдов во МВР беа голем број запуштени и руинирани објекти, полициски службеници за кои цела деценија не беше набавена униформа, многу лоши услови за работа. Веднаш се зафативме за работа и еве, ги гледате резултатите. Полициските службеници постојано во текот на оваа година добиваат нови униформи, ги реновираме објектите за да обезбедиме соодветни услови за работа, а од овој месец ја зголемивме и платата на полициските службеници. Се разбира ние на ова нема да застанеме туку со овие активности продолжуваме и во текот на наредната година за кога планираме да вложиме нови 70 милиони денари за реновирање и реконструкција на објекти- рече министерот Спасовски.

На средбата со раководството на СВР Велес се разговараше за безбедносната состојба на подрачјето на СВР Велес, која е стабилна и има подобрување во многу сфери од работењето на полицијата.
-Имаме зголемување на откривачката дејност, а особено внимание посветуваме на сообраќајот. Речиси двојно во однос на минатата година се зголемени контролите и изречените санкции особено за возење под дејство на алкохол и прекорачување на брзината на движење. Продолжуваме со активностите, се со цел поголема безбедност на граѓаните. Резултатите од работата на полицијата се гледаат и од последната анкета на ОБСЕ, каде 75 отсто од граѓаните се изјаснија дека се чувствуваат безбедни. Но, ние не се задоволуваме со тоа и во иднина ќе работиме за овие бројки уште повеќе да се зголемат-рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он