(ВИДЕО) Колев: Граѓаните на општина Босилово заслужуваат да живеат во модерна и убава општина во која ќе бидат задоволени најголемиот дел од нивните потреби

Од:

„Граѓаните на општина Босилово заслужуваат да живеат во модерна и убава општина во која ќе бидат задоволени најголемиот дел од нивните потреби.

Имаме јасна и прецизна визија, знаеме и можеме да го подобриме животот во општина Босилово. Нудиме перспектива за подобар живот, нудиме достинство за секој еден жител на Босилово.

Јас и мојот тим силно ќе се залагаме за да обезбедиме подобар живот за нашите сограѓани преку изградба на квалитетна инфраструктура, подобро образование, заштита на животната средина, преку развој на спортскиот дух и урбанизација на општината. Тоа што го ветуваме, ќе си стоиме на зборот и ќе го исполниме.

Во продолжение ќе споменам само дел од проектите од мојата програма:

Ќе започнеме со изградба на канализација во Босилово, Турново и Робово, а со тоа ќе започне и решавањето на еден од најбитните проблеми на жителите на општина Босилово.

Реконструкција и доградба на Домот на Културата во село Иловица и завршување на реконструкцијата на Домот на Културата во село Секирник.

Планирањето и уредувањето на просторот и урбанизацијата се едни од најголемите предизвици во руралните средини затоа ќе направиме урбанистичко планска документација за Босилово, Моноспитово, Дрвош, Бориево, Турново.

Ќе го изградиме локалниот пат Бориево – Колешино, ќе започнеме со изградба на локалниот пат Иловица – Дрвош, а ќе направиме проектна документација за локалниот пат Штука – Сушица со што ќе придонесеме за подобра поврзаност на подогражденските населени места.

Заради обезбедување подобри и поквалитетни просторни услови за одвивање на наставниот процес ќе ги реконструираме училишните згради „Кирил и Методиј“ с .Радово, „Кирил и Методиј“ с. Турново и „Гоце Делчев“ с. Еднокукево.

Посебно внимание ќе обрнеме на изградба и асфалтирање на улиците. Предвидуваме изградба на над 30 улици во сите населени места во зависност од нивните големини и потреби.

Особено внимание ќе обрнеме на животот на младата популација. Затоа ќе изградиме повеќенаменски игралишта во Моноспитово, Секирник, во Дрвош постоечкото ќе го оградиме и ќе го осветлиме, во Робово ќе направиме сосема ново одбојкарско игралиште.

Ќе ги зголемиме капацитетите на јавното комунално претпријатие со набавка на нова механизација со цел да воведеме планско собирање на отпадот. Континуирано одржување и изградба на нови одводни канали.

Со цел да го подобриме водоснабдувањето ќе ги доизградиме водоснабдителните системи во Иловица и Штука, а во населеното место Дрвош ќе направиме уште една бушотина и ќе зафатиме уште 3 извори.

Почитувани граѓани, Ве повикувам на 15-ти октомври да го искористите своето право на глас што ви е со закон загарантирано. Ве повикувам да гласате за број 13 за кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и за кандидатите за советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“. Со тоа гласате за работа, гласате за Македонија и гласате за посветла иднина на општина Босилово“, изјави Љупчо Колев, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Босилово.

Би можело да ве интересира

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните

А1он

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината