(ВИДЕО) Колариќ: Власта не ги сервисира мерните станици за загаденоста на воздухот

Од:

Грејната сезона уште не почната, а воздухот е загаден како никогаш досега во овој период од годината. Случајно или намерно токму кога СДСМ е на власт мерните станици во Лисиче, Гази Баба и Битола наеднаш престанаа да функционираат, рече Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.

– Дали власта поради тоа што не презема никакви мерки за справување со загадувањето ги исклучи мерните станици со цел граѓаните да не знаат кое е нивото на загаденост на воздухот со канцерогените ПМ 10 честички? Дали Скопјани и оваа зиме повторно ќе се гушат? – Судејќи по односот на власта, почитувани одговорот е ДА! Што презема Зоран Заев и Петре Шилегов во насока на справување на загаденоста? – Ништо! Шилегов кој ветуваше експресно решавање на проблемот со загадување на воздухот, цела година повторува дека нема инстант решение за загадувањето во Скопје. Дури и еден од петте постулати за европски и квалитетен живот од нивната програма „План за живот“, на страница 114 е чистата животна средина. Две години потоа владата нема преземено ниту еден чекор во насока на подобрување на амбиенталниот воздух, рече Колариќ.

Таа додаде дека граѓаните не можат да видат колкаво е нивото на загадување бидејќи власта подолг период не ги сервисира мерните станици.

– Иако имаше време тоа да го направи и да ги оспособи доколку навистина се нефункционални пред да започне сезоната на зголемено загадување. Моменталната неактивност на одредени мерни станици не може и не смее да биде оправдување за обврската граѓаните да добиваат известување за нивото на загадување на воздухот. Владата на ВМРО – ДПМНЕ своевремено изврши набавка на мобилни мерни станици на одредени факултети кои се во функција, па ако сакаат вистински да ги информираат граѓаните, нека побараат мерењата да се извршат од нивна страна, а притоа граѓаните да ја добијат вистинската состојба. Право на граѓаните, а обврска на власта е граѓаните да знаат за загадување на воздухот. И власта не смее да бега од својата одговорност. Доколку оваа власт не може да го реализира она што го вети, треба веднаш да си замине. Лицемерие и крајна неодговорност е да ветувате справување со загаден воздух, а да потрошите половина мандат без притоа да преземете ниту една мерка или било што да направите на тој план. Државата не може да функционира на принцип на лаги. СДСМ мора да си замине, рече Колариќ.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Сплотени, сите заедно од Шуто Оризари порачуваме дека на 24 април победува Силјановска Давкова

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ниту еднаш не го нападна, ниту искритикува ДУИ, тие се сијамски близнаци

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски е извор на говор на омраза, тој се смееше и аплаудираше додека активист на СДС ја навредуваше Силјановска

Мисајловски: Куманово има преубава позитивна енергија која води до Силјановска Давкова

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на СДС и ДУИ носи негативни извештаи, Фридом хаус констатира назадување во борбата со корупцијата и влијанија во судството

Горан Наумовски