(ВИДЕО) Колариќ: Неспособноста на Шилегов негов заштитен знак, за 6 месеци потпросечни 16 отсто капитални инвестиции

Од:

„Петре Шилегов и Градот Скопје демонстрираат неспособност и неработа. Градот Скопје и понатаму останува затрупан во голем број на нерешени проблеми но и потреби на граѓаните.

Од денешната седница на Советот на Град Скопје може да се заклучи од извештајот за извршување на буџетот исклучително низок степен на реализација на капиталните инвестиции. Тоа е потврда дека Градот Скопје и Шилегов не работат. За 6 месеци буџетот е е остварен само 36% што е помалку од 50%, додека остварените расходи се помали и изнесуваат само 30%“, изјави Светлана Колариќ, советник во Советот на Град Скопје.

„Од структурата на буџетот може да се види дека иако најавуваше нема ништо од новиот Луна парк, има нула денари и за езерото треска за кое ветуваше дека истотот ќе се ревитализира,

Локалниот економски развој е целосно запоставен. Од планирани 36 милиони денари, потрошени се само 2.9 милиони денари или помалку од 10 отсто од предвидените работи.

Во секторот за комунални работи има реализација на буџет од само 25 отсто и нула денари за: пошумување, нула денари за нови клупи, корпи за отпадоци и реконструкција на стационарот Вардариште.

Има целосно потфрлање на секторот за заштита на животната средина. Од 122 милиони денари реализирани се само 6 милиони денари или само 5 отсто. Тоа значи дека Шилегов 5 пари не дава за почиста животна средина, иако тоа беше негово големо ветување дека имаат план, има програма и конрентни идеи. Немаат ниту еден проект од оваа област, за жал.

Ниту Шилегов ќе донесе почист воздух, ниту ќе ја заштити животната средина.

Истовремено зад плаштот вработување на пожарникари, нешто што заеднички ВМРО-ДПМНЕ со Коалиција го поддржува, се планираат плус неколку десетици нови вработувања, веројатно на партиски кадри, иако Шилегов претходно обвинуваше дека имало превработеност, со ова само ги покажува двојните стандарди на работа.

Неработа и неспособност стануваат второто име за Петре Шилегов, тоа го покажуваат и бројките од коијасно може да се види дека градот тоне во една безидејност и немање на основен концепт за развој“, рече Светлана Колариќ, советник во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ