(ВИДЕО) Коциќ: Со измените на Законот за лекови овозможуваме вакцината против Ковид-19 да пристигне и да започне имунизација на населението

Од:

„Пратениците во Собранието вчера ги усвоија измените и дополнувањата на Законот за лековите и медицинските средства.

Со овие измени овозможуваме во исклучителни случаи и оправдани причини што се однесуваат на здравјето на пациентите, во вонредни услови, кризни состојби, во услови на епидемија или пандемија на заразна болест, односно кога се бара ставање во промет на вакцина против коронавирусот, барање за ставање во промет можат да извршат и странски производител на лекови, правен застапник, подржуница или трговско претставнишво на странски производител со регистрирано седиште надвор од државата.

Со ова создадени се условите вакцината против коронавирусот да пристигне во државата и да започнеме со имунизацијата“, рече Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.

„Овие измени на Законот немаше да се случат ако ВМРО-ДПМНЕ додека беше на власт не го урниса здравствениот систем и принуди реномирани странски компании за лекови да се повлечат од нашиот пазар.

За потсетување, во периодот меѓу 2012 и 2015 во годините на најголем режим, неколку реномирани странски компании како АстраЗенека, Глаксо и дел од Новартис се повлекоа од нашата држава, заради паралелниот узвоз на лекови и вакцини со сомнително потекло.

Заради таквиот однос трајно се наруши угледот на државата и здравствениот систем, нешто што со сите сили се обидуваме да го поправиме, да ја вратиме довербата во македонското здравство.

Како одговорно парламентарно мнозинство остануваме посветени на ставање крај на пандемијата и надминување на сите економско здравствени последици од неа.

Сакам да потенцирам дека правилото джење физичка дистанца, носење маска и дезинфекција останува до стекнување на колективниот имунитет. Тоа што ќе започне вакцинацијата не значи дека не треба да ги почитуваме овие три правила.

Парламентарното мнозинство, Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија остануваат определени во заштита на здравјето и животот на нашите сограѓани како највисок приоритет во оваа држава“, изјави Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница