ВИДЕО: Ќе се среди ли хаосот со пасошите – Новиот министер има предлози, и ги кажал и на грчката амбасадорка

Од:

Отворање на нов пункт, повеќе луѓе кои ќе работат на издавање на патните исправи, набавка на поголема количина патни исправи – ова се дел од мерките кои новиот министер за внатрешни работи ги предлага за надминување на хаосот со пасошите.

Министерот денеска се сретнал и со грчката амбасадорка во земјава, и и ги претставил мерките за надминување на проблемот, но без да се прецизира за кои мерки станува збор.

По барање од А1он, од министерството до нас испратија дополнителна информација за какви точно мерки станува збор.

„ На средбата со амбасадорката на Република Грција од страна на министерот Тошковски беа пренесени дел од мерките за намалување на притисокот за спроведување на процедурите за остварување на правото на граѓаните да набават лични документи, со посебен акцент на патните исправи.   Во таа насока се работи на отворање дополнителен пункт за издавање лични документи, а паралелно се работи и на зголемување на човечките ресурси кои ќе се стават на располагање на граѓаните со цел забрзување на целата постапка.  Дополнително се вршат преговори за набавка на поголема количина патни исправи и ставање во функција на сите капацитети на Министерството.  “, велат од кабинетот на министерот.

Засега овие мерки треба во краток временски период да дадат првичен позитивен одговор во насока на подостоен третман на граѓаните кои се најмалку виновни за целокупната ситуација со овој проблем, велат од таму, но додаваат дека во план се и други мерки и активности, за кои за сега нема да излегуваат со информација во јавност.

“ Во однос на другиот дел од предложените мерки, не би сакале во моментов да дадеме дополнителен коментар се додека државата не смогне сили политички да го изменаџира целиот овој процес. “ велат од кабинетот на министерот.

Новиот министер утрово пак го посети пунктот за промена на личните документи без закажување во ПС Пролет за лично да изврши увид во работата на пунктот и да ја утврди фактичката состојба. Тој праша зошто повеќето од пунктовите стојат празни, на што вработените одговорија дека многу од колегите ги нема, нема доволно кадар, а тие се преоптоварени. Тој им се извини на сите присутни граѓани и порача дека ќе има решение.

„Ќе сторам сѐ за да ја релаксирам атмосферата во делот на поднесување на барање и подигање на патните исправи, ќе сторам сѐ за граѓаните да се чувствуваат достоинствено во овој процес којшто треба да е најнормален, а е најненормален од денешен аспект“, вели министерот за внатрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски.

По 12 февруари, македонските граѓани ќе можат да ја минат државната граница со лична карта, но само во Србија, Косово, Албанија и во Црна Гора. Оние пак кои се затекнати во странство, во земјава ќе може да се вратат со стариот пасош само доколку имаат патен лист издаден од нашите конзулатни преставништва, но нема да можат да излезат од земјава додека не добијат нов пасош.

„ Доколку државјани на Република Македонија кои престојуваат во странска држава и кои до 12 февруари 2024 година немаат извадено нови патни исправи, истите можат да се вратат во Македонија со Патен лист, издаден од најблиското дипломатско конзуларно претставништво на Северна Македонија“, информираат од Министерството за надворешни работи.

Министерството потсетува дека граѓаните имаат право и да се сликаат во најблиското дипломатско-конзуларно претставништво во странство во кое има воспоставено базна или мобилна станица, преку телефонско закажување или по е-пошта. Македонија има претставништва со базни станици во Минхен, Бон, Берлин, Берн, Виена, Љубљана, Лондон, Њујорк и во Чикаго. Додека претставништва со мобилни станици има во Брисел, Стокхолм, Венеција, Торонто и во Мелбурн.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Баџанакот на Тошковски “победи” студент на генерација и стана доцент обвинува Левица

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он