(ВИДЕО) Кирков: Институциите да го испитаат работењето на Зоолошката, Арсовска да понесе одговорност и оставка

Од:

Следнава прес-конференција ќе ја започнам со една реченица, а тое е, Данела Арсовска е најголемото зло што му се случило на Скопје во поново време, Данела Арсовска време ти е за оставка. Почитувани, изразуваме најдлабок револт и загриженост поради катастрофалните услови во кои се држат животните во Скопската зоолошка градина, изјави Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите ние сме сведоци на неодамнешните трагични настани кои ги вклучуваат смртта на слоницата, жирафите, пингвините и најновиот прикривање на смртта на бизонот кој исто така е починат пред месец дена под неразјаснети околности. Ги повикуваме надлежните институции веднаш да го испитаат работењето на директорот на Скопската зоолошка градина и на градоначалничката на Скопје. Мора да се утврди како биле третирани животните и дали биле почитувани сите закони за благосостојба на животните. Не може да се премине преку фактот дека слоницата, најголемата атракција на зоолошката градина, тајно е носена замислете од Скопската золошка градина до скопската депонија, со намера да се сокрие нејзината смрт. Каков ум е тоа што мисли дека ќе скрие смрт на слон? Ова е чин на непочитување и отворено криминално однесување. Ја повикуваме градоначалничката на Скопје и од неа поставениот директор Зоран Попов да пристапат одговорно кон ова злосторство врз Скопје и скопјани. Нивното срамно и неспособно раководење доведе до оваа трагична ситуација и тие мора да одговараат пред јавноста и пред законот. Нашите граѓани заслужуваат да знаат што се случува со нивните пари и институции, изјави Кирков.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?