(ВИДЕО) Кирацовски: Прилеп ќе добие гасификација, две обиколници како и чиста вода за пиење

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, денеска имаше средба со граѓаните на Прилеп. Тој им порача на прилепчани дека после победата на локалните избори, локалната администрација со поддршка на централната власт ќе гради исклучително по план, чесно, домаќински и квалитетно.

„Ќе ги изедначиме руралните и градските средини во поглед на инфраструктурата, водоводот и канализацијата. Прилеп ќе добие две обиколници и од северната и од јужната страна. Еден од клучните проекти ќе биде гасификацијата на Прилеп, со што граѓаните драстично ќе ги намалат сметките за струја. Ќе обезбедиме чиста вода за пиење и чист воздух. Здравјето за нас е најважно“, рече Кирацовски.

Тој најави дека ќе се обезбедат соодветни услови за инвестирање и на локално ниво и дека домашните инвеститори ќе бидат изедначени со странските. Субвенции ќе добиваат сите подеднакво, ќе бидат поддржани оние што ќе вработуваат повеќе и ќе даваат повисоки плати.

„Локалната самоуправа за младите ќе отвори бизнис инкубатори, преку кои младите ќе можат да започнат свој бизнис преку соодветна поддршка со неповратни 10 илјади евра, како и со материјално технички и просторни ресурси“, рече Кирацовски.

Тој ги повика прилепчани да гласаат за бројот 19 и да го поддржат кандидатот за градоначалник на Прилеп Илија Јовановски, советничката листа на СДСМ и коалицијата, затоа што на Прилеп му требаат промени за живот, за сите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион