(ВИДЕО) Кирацовски: Неспособниот Мицкоски е заглавен во темно минато

Од:

„Денес, ја посетивме старата градска чаршија во Прилеп се сретнавме и разговаравме со граѓаните, дуќанџиите, луѓето од еснафот.

Огромно задоволство ми претставува тоа што гледаме една нова слика и нов ентузијазам. Ја нема загриженоста на нивните лица и го нема стравот од неизвесноста во работата со нивните бизниси.

Нема повеќе од оние одмазнички упади во фирмите, нема веќе затворање на дуќаните, упропастување на бизниси, драконски казни и рекет што беше одлика на криминалото владеење на ВМРО-ДПМНЕ“, рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски во Прилеп.

„Прилеп, Македонија, ставија крај на оние кои водеа во безизлез и никогаш повеќе нема да си дозволат неизвесна иднина.

Граѓаните, дуќанџиите, ја добија својата слобода и никогаш повеќе нема да ја загубат.

Безидејното раководство на ВМРО ДПМНЕ предовдено од Христијан Мицкоски, кое денеска тука во Прилеп организира уште еден протести за одбрана на криминалот, нема никаков план.

Мицкоски нема став, нема визија, нема идеја. Тој е дел од едно антизападно раководство кое едноставно не е достојно за Македонија.

Очигледна е разликата помеѓу одговорната власт предводена од СДСМ и деструктивната ВМРО-ДПМНЕ.

Црнила се политиките на рекет и драконски казни. Наспроти тоа, ние создаваме можности и отвораме перспективи, преку намалување на казните и до 75%.

Домашните и странски компании сега се изедначени и добиваат значителна помош за инвестирање и отворање нови и подобро платени работни места.

Државата сега стимулира брз раст на малите и средни претпријатија преку финансиска поддршка со покривање на 30% од директните трошоци, финансиска поддршка од покривање на 10% од исплатена плата којашто е за 50% повисока од минимало утврдената. Затоа сега платите растат“, изјави генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Обвинителство се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во ОЈО?

А1он

(ВИДЕО) Жерновски: Македонското обвинителство не може да молчи, да отворат истрага за унгарскиот кредит

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте