(ВИДЕО) Кекеновски: Дебаклот е на Никола Груевски, ќе собереме сила да го тргнеме од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Подолго време апелирам до совесното членство на ВМРО-ДПМНЕ дека партијата на чело со Груевски оди во една насока од која што нема враќање, што значи дека оди во една длабока провалија од која ќе требаат многу години за да ја вратиме партијата на вистински позиции и онака како што доликува на една современа демократска, конзервативна партија која што ја негува демо-христијанската идеологија, вели Јове Кекеновски, претседател на здружението ФРОДЕМ.

-Она што го направи партиското раководство јасно ги потврди сите мои констатации дека апсолутно не им била во интерес државата, а најмалку партијата која служела за лични и теснопартиски интереси, за полнење на сопствениот џеб и добивање статус во државата, вели Кекеновски.

Според него, Груевски одамна не ја ужива довербата на граѓаните на Република Македонија бидејќи се обидувал максимално да манипулира со еден дел од зависното членство и со дел од јавноста.

– Овој дебакл го доживеа Груевски. Не велам ВМРО-ДПМНЕ од причина што најголемиот виновник е тој и целокупното раководство кое послушно го поддржуваше цело време односно кои што секој на свој начин имаа интереси, вели Кекеновски.

Како што кажа претседалот на ФРОДЕМ, поразот на ДПМНЕ се должи на три факти. Она што Груевски немал јасна конзистентна стратегија и лутал од тема на тема се со цел да го подобри оној негативен имиџ кој што го покажал веднаш по парламентарните избори каде, како што кажа, сите му беа виновни, а само тој беше единствениот чист човек.

Втората причина според Кекеновски е фактот дека најголем дел од граѓаните на Република Македонија излегувајќи на избори, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ ги поистоветувале со Груевски и со начинот на неговото владеење односно градоначалниците ги сметаале како дел од едно злосторничко здружение.

И третата причина е тоа што, како што вели Кекеновски, не може да се манипулира со граѓаните на Македонија дека се влегува во нова ера, а со исти кадри кои што се обвинети по разни основи за сторени кривични дела, кадри кои не и мислеле добро на државата.

-Овие три причини се основата зошто граѓаните во последен момент се одлучија да не го дадат гласот за оваа партиска врхушка, за ова криминализирано раководство и едноставно се одлучија некои да не гласаат, а некои да го дадат гласот за спротивната политичка партија, рече Кекеновски.

Тој вели дека не очекува Груевски да собере храброст и да си поднесе оставка бидејќи никогаш и не мислел на партијата, туку е во прашање неговата сопствена кожа. Здружението на граѓани ФРОДЕМ веќе три години бара оставка од Груевски, но тој по се изгледа апсолутно не размислувал за тоа. Сепак Кекеновски најави дека со сите демократски средства повторно ќе се обидат тоа да се случи.

-Ние ќе собереме сили, ќе ги употребиме сите демократски начини и средства да се обидеме да го натераме да замине иако мислам дека тој ќе игра на една друга карта, евентуално поднесувајќи оставка да направи одреден дриблинг да постави свој човек каде што и понатаму би ја држел партијата во заложништво, рече Кекеновски додавајќи дека со смената ќе направат ВМРО-ДПМНЕ повеќе да не биде срам, и луѓето од оваа партија да не се срамат бидејќи ќе имаат чесни луѓе во раководството.

На вчерашниот изборен ден нешто после 23 часот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека не ги признава изборните резултати бидејќи имало нефер и недемократски избори. На ова Кекеновски вели дека очекувал тој да каже такво нешто бидејќи со изјавите пред изборниот ден и во текот на денот, од партијата најавиле дека ќе играат на таа карта.

-Тие ќе се обидат повторно да измислуваат разни сценарија што и како било правено имајќи искуство од тоа што тие го правеле. Сето она што ќе го каже Груевски сега како оправдување за поразот на изборите е тоа што тој го правел сиве овие години односно тоа е начинот на кој што тој ги добивал изборите, бугарски воз, и фалсификување и уценување на администрација, рекетирање, поткупување, сето тоа било средства и начин на опстојување, купување на гласовите за изминатите години. Тој никогаш немал реална поддршка од граѓаните на Република Македонија, вели Кекеновски кој тврди дека ова е веќе минато, мора да се заборави и да се понесе политичка и кривична одговорност за сето сторено зло на граѓаните на Македонија.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Мислеа дека си имаат работа со мали деца, победуваме со повеќе од 170.000 гласови разлика

Орце Костов

Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ: Забележани се случаи на семејно гласање и притисоци во Сарај

Орце Костов

Мисајловски: Сплотени, сите заедно од Шуто Оризари порачуваме дека на 24 април победува Силјановска Давкова

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ниту еднаш не го нападна, ниту искритикува ДУИ, тие се сијамски близнаци