(ВИДЕО) Касапов: ДПМНЕ и Талески 12 години бесрамно лажат

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ 12 години ветува, а реално не исполнува.

ВМРО-ДПМНЕ вети  реновирање на Тумбе Кафе, вети и реално излаже.

ВМРО-ДПМНЕ вети нов стадион во Битола, вети и реално излаже.

ВМРО-ДПМНЕ вети спортска сала во Битола, по сите европски стандарди, вети и повторно, реално излаже.

ВМРО-ДПМНЕ вети реновирање на Офицерскиот Дом во Битола, вети и  излаже.

ВМРО-ДПМНЕ вети катни и подземни гаражи, вети и повторно излаже.

Е вака ВМРО-ДПМНЕ ветува и реално лаже 12 години.

Но за да бидеме искрени до крај, мора да кажеме дека Вмро-Дпмне има работи кои не ги вети, а ги оствари. Имено тие не ветија дека Владимир Талески, гробарот на Битола, ќе биде осомничен за криминал тежок 360 000 евра, но сепак реално го реализираа тоа и во Битола го создадоа Транспортер.

После 11 декември Вмро-Дпмне ќе биде во длабока опозиција, а ќе биде во длабока опозиција затоа што 12 години го поддржуваат Владимир Талески, ќе биде во длабока опозиција затоа што 12 години ги лажат битолчани и ќе биде во длабока опозиција затоа што 12 години  интересите на партијата и личните интереси на поединци беа ставани пред интересите на Битола и битолачани.

Битола на 11 декември ќе гласа за ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА“, рече претседателот на ЛДП Битола и советник во Општина Битола – Александар Касапов.

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски