(ВИДЕО) Каранфилова Пановска: По секои избори ВМРО-ДПМНЕ креира имагинарни непријатели

Од:

Владата издвојувала многу повеќе пари за граѓанскиот сектор отколку Фондацијата на Сорос (ФООМ) во Македонија.
Фондацијата Отворено Општество Македонија во просек има просечен буџет од 5,8 милиони долари, од кои, помалку од 2,5 милиони долари се вложувани во граѓанските организации, а разликата отпаѓа на проекти со државни институции. Од ова се гледа дека е погрешна тезата дека ФООМ го финасирал 99 отсто од граѓанскиот сектор. Само за 2017 година во буџетот владата издвоила над 6 милиони евра за граѓанскиот сектор или речиси три пати повеќе од Сорос. Ова се некои од заклучоците во емисијата “Топ тема“ на Телма каде дебатираа извршната директорка на ФООМ, Фани Каранфилова Пановска, извршниот директор на МЦМС Александар Кржаловски и новинарот Цветин Чилиманов.

ФООМ во своето 25 годишно постоење во Македонија има потрошено 145 милиони долари кои завршиле во македонските институции. Само во периодот од 2011 – 2016 година, над 32 американски долари завршиле во образованието. Поради присуството на ФООМ во Македонија, досега се влеале над 20 милиони долари во државната каса.

По секои избори ВМРО-ДПМНЕ креира имагинарни непријатели во Македонија. ФООМ по изборите изгледа дека беше избрана да биде најжестоко нападнат субјект, од причина што секогаш кога некому не му одат работите како што ги планирал, потребно да го вперите прстот кон некој што ќе биде плашилото, за да го одвлечете вниманието на јавноста од тоа дека на изборите не сте го доживеале посакуваниот успех, рече Каранфилова Пановска.

Наспроти ова, владата огромни суми давала на граѓански организации за изградба на споменици, а само за 10 проценти од парите за невладиниот сектор има јавен повик.

Најголем дел од средствата кои владата ги дава на граѓанскиот сектор доаѓаат од Министерството за правда односно 2 милиони евра и нема отворен повик. Потоа следува Министерството за труд и социјална политика со 1,5 милиони евра. Сумите кои се доделуваат се различни, од 50 евра до 800.000 евра, а главниот проблем е што не се знае како се трошат парите.

Новинарот Цветин Чилиманов тврдеше дека Фондацијата е партиски определена. Тој кажа дека Македонците во Њујорк, кои работеле како скотови и плаќале данок протестирале против Сорос зошто не можеле да прифатат фондовите на УСАИД за развој на Македонија да се политизираат и да се користат како политичко оружје за лево ориентирани организации. УСАИД кажа Чилиманов дека голем дел од тие пари одат во ФООМ, и се користат исклучиво за медиуми кои замолчувале за скандали и коруција од “левата“ страна, а барале корупција од “десната“ страна. Проблемот според него е што имало невладина организација која доминира во секторот со што се води од истрошените ставови на еден човек од Њујорк, рече тој и посочи дека Џорџ Сорос е закана за безбедноста на Македонија.

-Сериозна клевета е дека Сорос е безбедносна закана, некому треба параван за неспособноста и некапацитетноста. ФООМ работи отворено и трнаспарентно и се што спроведува и има повеќе од потребно на нашата веб страницата. Никогаш не сме се судриле со институциите, за прв се случува сега постизборно да биде најавена инспекција од УЈП и во сите невладини организации финасирани од ФООМ. Апсолутно дека УЈП има мандат да го контролира работењето, но симптоматично е што досега ниедна власт не почувствувала преку УЈП да прави оркестриран упад во ФООМ. Нападите и контролите не стивнуваат, ВМРО-ДПМНЕ секој ден не потсетува дека требало да има десоризацијата, ако формира влада ќе почувствуваме ефекти. Но, само Глобалниот борд носи одлука дали Сорос ќе функционира во Македонија или не. Дотогаш остануваме посветени на принципите на отвореното општество, рече Фани Каранфилова Пановска.

Според извршниот директор на МЦМС, Александар Кржаловски не е точно дека Сорос финансирал 90 отсто од невладините организации.

Сорос нема време да се занимава со Македонија. Меѓу пет и десет отсто е финансирањето на Сорос во Македонија колку што е и од државата. Сите други средства се од САД, ЕУ и други странски земји како Холандија, Швајцарија, Германија.

Што се однесува до финасиите за медиумите, најмногу средства одвоила холандската амбасада, УСАИД со 1,1, милиони долари, и ФООМ со 1,6 милиони долари за 22 медиуми во последните 5 години.

И за медиумите, сумата одвоена од Сорос и амбасадите е далеку помала од таа што Груевски и владата на ВМРО-ДПМНЕ ги има издвоено за одредени медиуми.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС