(ВИДЕО) Караџаовски: Обвинувањата кон мене се тенденциозни и политикантски

Од:

Одлука за објавување Оглас за избор на претседател на Основниот Суд Скопје 1, претседателот на Судскиот Совет Зоран Караџовски, ја правда со редовна активност и неможноста да се дозволи застој во работа на судовите.

– Најавени се многу пати реформи во многу области , не може да запре работата на судовите. Неспорен факт е дека шест судови работата без претседатели. Ние во континуитет објавуваме огласи, така и сега. Што ако се распишат локалните избори? Не е во ред нашата работа да биде закочена ако се распишат избори. ДКСК доставува мислење до сите органи и до нас и тоа не спречува. Ние би направиле прекршок доколку во тој период правиме избори. Во тој случај ќе треба да правиме избор по одржувањето на локалните избори. Судскиот совет работи законски. Огласот ќе биде објавен најверојатно утре во Службен весник. Тие судии што ги исполнуваат критериумите нека се пријават, имаат 15 дена, рече Караџовски.

За обинувањата дека огласите се распишуваат од политички причини, Караџовски смета дека се тенденциозни и политикантски.

– Ние транспарентно ги објавуваме огласите, изборот се врши на јавна седница , а сите обвинувања дека сме некакви слуги на сегашна власт или бивша власт, тој што се занимава со политикантство не е проблем нека ме обвинува, мојата грижа е законско работење на Судскиот совет, додаде Караџовски.

Судскиот совет донесе одлука и за распишување оглас за избор на двајца судии во Врховниот суд, четворица во скопска Апелација и еден во Апелацискиот суд Битола.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Судски совет донесе заклучок за продолжување на постапката за избор на двајца членови на Советот

Судски совет донесе одлука за пензионирање на двајца судии

Судски совет ги оспори пред Уставен суд законските измени со кои се стопираше зголемувањето на платите на судиите

Судски совет: Со интервенција во законот директно се влијае врз нормалното функционирање на судовите

Ѓорѓи Андонов и Тодор Поп Панев избрани за судии во Апелациониот суд Штип