ВИДЕО: Канализација ја поплави Кисела Вода, пукна главната цевка на градилиште за нова десеткатница

Од:

Фекалии од цело Пржино се излеваат од градилиште за нова десеткатница на улицата „Дренак“ во населбата Кисела Вода. Изведувачот попладнево ја пукнал главната канализациона цевка, од која сега не престанува да се излева валкана вода.

“Направија прво мала пукнатина на цевката, но место да ја санираат, фрлија песок и палети за да не се гледа. Ова е главниот канализационен вод, канализацијата од цело Пржино тука се слева. Тука е и колекторот. Сега веќе не се сопира, бетонската цевка е пукната и целиот ископ за новата зграда се полни со фекалии”, се жалат жители на околните згради кои стравуваат дека и нивните подруми ќе се наполнат.

Работниците ангажирани како подизведувачи попладнево само ги извадиле градежните машини од ископот.

„Ни рекоа дека ќе упие земјата и се ќе се повлече и си заминаа. Пријавуваме во ‘Водовод’, оттаму ни велат дека не дале согласност и немаат ништо со ископот, а канализацијата не сопира да тече. Веќе почна да се рони и земјата околу ископот, само три метра нѐ делат од дупката”, се жалат соседите.

Инвеститор на десеткатницата е фирмата “Еуро билдинг 2012” од Охрид, а изведувач е “Гипс имобилија дизајн”, кои ангажирале и подизведувачи.

Би можело да ве интересира

Кривична за пироман од Скопје – предизвика пожар во возило во Кисела Вода

А1он

Мексико: Поплавите уништија 100.000 домови, десетици се мртви, постои страв од уште една катастрофа

Стаменкоска Трајкоска: Во изминатите четири години во Кисела Вода се работеше за народот, така и ќе продолжиме

Европските пари под прашалник, неизвесности за битолската канализација?!

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Осум лица загинаа во поројните дождови во делови од Југоисточна Азија