ВИДЕО: Камиoн се преврте во близина на Стража

Од:

Товарен камион се преврте во близина на Стража, на патот кон Гостивар. Возилото е излетано од патот.

Станува збор за камион марка „Мерцедес“ со косовски регистарски таблички. Возачот кој е косовски државјанин со Итна помош е пренесен во гостиварската болница. Според првичните информации од МВР имал полесни повреди.

На помош, по несреќата, застанале неколку возачи кои поминувале на патниот правец. Настанот е пријавен во полиција, а екипи прават увид. Причините за превртувањето на камионот, засега се непознати.

Сообраќајот на патниот правец се одвива во една коловозна летна, наизменично. Поради застојот, има и гужва, а освен автомобили има и товарни возила, како и автобуси.

За причините за несрежата же има детали од МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Сообраќајот на патот Берово-Струмица e во прекин поради сообраќајка

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он