(ВИДЕО) Калевска Ванчева: Чулев преку кадри на Груевски се обидува да го реинсталира МВРО – ВМРО

Од:

„Обидите за реинсталација или враќање на МВРО-ВМРО нема да успеат, СДСМ заедно со граѓаните тоа нема да го дозволи.

Наместо да се посветат на обезбедување услови за фер и демократски услови, што треба да е клучна нивна заложба во преодната Влада, партиските министри на ВМРО-ДПМНЕ, секој ден продуцираат скандали и се обидуваат да инсталираат кадри од режимот на Груевски.

Министерот за внатрешни работи во преодната влада Наќе Чулев, за прв човек на СВР Скопје го предложи Ристе Ставревски.

Јавноста го памети Ристе Ставревски од политичките „бомби“ како со Гордана Јанкулоска разговара за изборни измами во предизборен период, како тогашен нејзин советник во кабинетот.

Ставревски е инволвиран и во случајот „Титаник“. На рочиштата за овој процес меѓу доказите биле и СМС преписки на Ставревски и Јанкулоска од кои се гледа како се подготвувале списоци за предизборни партиски вработувања, но и притисоци кон политички неистомисленици“, рече Снежана Калевска Ванчева од СДСМ.

„Освен што бил советник на Јанкулоска, Ставревски беше сведок на одбраната на Груевски во случајот на СЈО „Тенк“ каде Груевски беше правосилно осуден на затворска казна.

Човек кој бил десна рака на Јанкулоска, а потоа го бранел криминалот на Груевски, не може да раководи со СВР Скопје – еден од најважните сегменти на МВР.

Ваквите предлози уште еднаш потврдуваат дека Наќе Чулев и Христијан Мицкоски се уште се во матрицата на ВМРО-МВРО, матрица на партизирана и злоупотребена полиција.

Одземањето на службените возила на обезбедувањето на премиерот покажува дека за Чулев најважни се колите а не безбедноста..

Освен одбрана на криминалот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нудат обнова на режимот, обнова на злоупотреба на институциите во партиски цели, обнова на репресијата и заплашување кон граѓаните.

Тоа што Мицкоски и неговите кадри во преодната Влада не се излезени од режимска и криминална матрица на Никола Груевски не мотивира дополнително.

СДСМ, заедно со граѓаните нема да дозволат враќање на ВМРО-МВРО.

На 12 април граѓаните ќе потврдат дека сме на прав пати и нема да дозволат нови партиски злоупотреби на институциите, на 12 април ќе порачаат режим никогаш повеќе“, изјави Снежана Калевска Ванчева, СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Под притисок на јавноста сменета е директорката на Козле

Лефков: Дали судијката Алексовска Стојановска ја финансирала СДС или тие ја поткупувале неа со кирија додека биле на власт

Кој прави полоши образовни реформи, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни овинувања

Катерина Ѓуровски

ВМРО – ДПМНЕ, ЗНАМ и „Вреди“ поднесоа барање во Собранието за јавна расправа за законски измени за зајакнување на безбедноста во сообраќајот

СДСМ: Скандал во Шутка, Јованов кој ја прегази Фросина добил мобилен телефон

Катерина Ѓуровски

СДСМ: На третото место сме во Европа според поскапувањето на лебот