(ВИДЕО) Калеска – Ванчева: ВМРО ДПМНЕ да не штити криминалци, мора да се затвори незаконската аболиција на Иванов

Од:

„Денеска пред членовите на собраниската Законодавно-правна комисија е барањето на СДСМ за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување.

Целта на СДСМ е еднаш засекогаш да се затвори нелегалната аболиција од Ѓорге Иванив, против која застанаа сите слободоумни граѓани но и ние.

Како претставници на граѓаните, имаме должност да застанеме во одбрана на правдата и неселективното владеење на законите.

Затоа, ги повикуваме повторно сите пратеници, особено од ВМРО-ДПМНЕ, да покажат одговорност и да го поддржат Барањето за автентично толкување“, рече Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка на СДСМ.

„Особено сега откако Владата го усвои мислењето да се прифати иницијативата а Уставниот суд ја одложи расправата за поднесената иницијатива која е обид за враќање на аболицијата на Иванов.

Јавноста знае дека зад аболицијата на Иванов стоеа и денеска стојат структури на ВМРО-ДПМНЕ.

Ниту тогаш ниту пак сега има правна можност да се даде такво помилување и обидот на Иванов за аболиција е незаконски и ништовен.

Актуелните случувања во судството покажуваат дека прво мора да ја затвориме нелегалната аболиција на Иванов, а потоа да се посветиме на реформи во судството и целосен ветинг врз судиите и обвинителите.

Уште еднаш го повикуваме и Христијан Мицкоски, наместо несериозни предлози, јавно да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат барањето за автентичо толкување.

СДСМ нема да дозволи амнестии, одговороност за сите мора да има“, изјави Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус