(ВИДЕО) Калајџиев: Со монтирањето на „Кампања“ и „Ровер“ власта го жртвуваше судството

Од:

Исклучување на јавноста, лесно издадените ПИМ мерки кои укажуваат дека судот учествува во „политички монтировки“, агент провокатор, процеси добиени со заштитени сведоци. Сето ова укажува дека и двата случаи против Љубе Бошкоски „Кампања“ и „Ровер“ се дел од “политички процеси“ во македонските судници, со кое правосудството беше фрлено во амбис.

Ова се дел од размислувањата на дебатата “Десет години неправда“ во рамки на граѓанската акција „Заслужуваме подобро“ во организација на Хелсиншки комитет.

Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев кажа дека преку овие случаи се жртвува целиот правосуден систем поради тесни интереси или освета на политичката елита.

– Исклучувањето на јавноста беше слабост која е утрдена и со проектот на истражување на ОБСЕ и е комбинирано со уште една финта на домашните органи-на непотребно класифицирање на се и сешто и наводно поради класифицирани информации се исклучува јавноста иако судот веќе се определил за заштита која што јавноста не може да ја пробие.

Јавноста не може да види дали тој начин на имплементација на законските можности овозможува фер судење.

За “Ровер“ и јас барав да присуствувам како странечка јавност, но не добив можност да следам како се изведуваат овие мерки и дали тие треба да се критикуваат, како злоупотребуваат, што не е прв пат да се случува.

Записниците покажуват дека се гледа дека има паузи во одговорите на заштитениот сведок, сведокот чека да му се каже како да одговори, има чудни одговори, и затоа одбраната немала можности да компензира со каква таква елементарна можност да се тестира веродостојноста, рече Калајџиев.

Според него, се покажува дека судовите немаат степен на одговорност во начинот кога ги издаваат ПИМ мерките. Сведокот треба навистина да е загрозен за да се примени мерката-заштитен сведок, а конкретно во “Кампања“ е евидентно дека се работи за агент провокатор, односно се работи за „политичка местенка“.

– Ова е убав пример и на злоупотреба на агент- провокатор, што значи дека полициските органи не треба да ве наведат на нешто што не би го сториле, рече Калајџиев.

Бошкоски за „Кампања“ беше осуден на пет години затвор, а “Ровер“ во два наврати Апелациониот суд го враќа на повторно судење. Се очекува одговорот на специјалното обвинителство дали ќе го преземе предметот. Во меѓувреме, оваа година се очекува и пресуда од Стразбур за „Кампања“, за апликацијата која ја подготви Хелсиншкиот комитет.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Глас за Пендаровски е глас за сигурна европска иднина

А1он

Продолжува кампањата за претседателските избори, а наскоро започнува и за парламентарните

А1он

„Не користи мобилен телефон додека возиш“: Кампања на РСБСП

Орце Костов

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Започнува медиумската кампања за придобивките од евроинтеграцискиот процес на Македонија, под слоганот „Европска иднина, поблиску од кога било“

Нова кампања за имунизација „Да не си играме со здравјето!“

А1он