(ВИДЕО) Каевски: ВМРО-ДПМНЕ е изолирана во својот став против Европа и нема план за иднината

Од:

На почеток на кампањата за претседателските избори се потврдуваат две суштински работи. Прво. ВМРО-ДПМНЕ е изолирана во својот став против Европа. Дури и политичките партии од албанскиот опозициски блок одлуките за членство во ЕУ ги поставуваат како услов за коалицирање по изборите. Второ. Мицкоски нема план. Тоа е јасно како бел ден особено по телевизискиот дуел во којшто Ковачевски доминираше но и во јавните настапи. Мицкоски и ДПМНЕ немаат план за иднината на државата и досега немаат ниту една порака за граѓаните во кампањата, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

– Тие би сакале изборот пред граѓаните да биде за ништо. Затоа фабрикуваат лажни информации, зборуваат за нашата кампања, кој каде бил и слично, испраќаат агресивни и празни пораки. Но ништо за нив и нивната понуда пред граѓаните немаат кажано. Силјановска ја следи оваа линија и таа е целосно маргинализирана.
Мицкоски, Силјановска и ДПМНЕ немаат што да им понудат на граѓаните. Со ДПНЕ е можно само враќање назад во изолација. Од друга страна Ковачевски аргументирано претстави јасната визија и план за европска иднина.

План за завршување на преговорите и членство во ЕУ со 2030 година. Како и план за реализација на програмата за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, за просечна плата од 1.100 евра, минимална плата од 600 евра, минимална пензија од 20.000 денари, просечна пензија од 30.000, за реформи во правосудството и многу други мерки за граѓаните. Јасно е, Коалиција за Европска иднина предводена од СДСМ е единствената алтернатива за иднината на државата.
Изборот пред граѓаните на овие избори е јасен, надеж со СДСМ и безнадежност со ДПМНЕ, меѓу европска интеграција со Ковачевски и Пендаровски или изолација со Мицкоски и Силјановска – рече Каевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

(ВИДЕО) Каевски: ДПМНЕ го врати ВМРО-МВРО на најбезобразен начин, СДСМ бара ослободување на новинарот Фуркан Салиу

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Каевски: Паничните лаги на ДПМНЕ и сеењето магла се поради фактот што Мицкоски го загуби ТВ дуелот од Ковачевски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Каевски: Нема промени во ДПМНЕ, тие што го блокираа европскиот пат повторно на изборните листи

Предраг Петровиќ