(ВИДЕО) Каевски: ВМРО-ДПМНЕ да го реши проблемот со превозот што го создаде

Од:

За само една година локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје создаде хаос, заглавен и нефункционален град, без соодветен јавен превоз, со јавни претпријатија кои едвај работат. Сите ја паметиме вечерта од прославата на победата на Данела пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, со зурли и тапани. Таа во бел капут, Мицкоски во џемперче. Цело скопје вмровски град ечеше таа вечер пред Белиот дворец, изјави на денешната прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Тој додаде дека наместо модерен граѓаните добија заглавен град во хаос. Наместо нови автобуси и тие што ги има не возат. Наместо модерен јавен превоз нема ниту превоз. Заради рацете во медот и кавгите на Мицкоски и Арсовска, плаќаат граѓаните на Скопје. Сета одговорност за хаосот што му се случува на Скопје е кај Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

– Сите одговорни за блокадата во градот се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ. Од градоначалничката која беше поддржувана и промовирана од Мицкоски па се до претседателот и мнозинството во советот, директорите и членовите на управните одбори – рече Каевски.

Каевски наведе дека ВМРО-ДПМНЕ го заглави градот, како што 11 години ја држеше Македонија во заложништво.

Истакна дека локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје треба да седне да работи и да го реши проблемот со јавниот превоз во Скопје.

– Скопје не смее да страда поради неспособноста и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ и на Мицкоски – изјави Каевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

(ВИДЕО) Каевски: ДПМНЕ го врати ВМРО-МВРО на најбезобразен начин, СДСМ бара ослободување на новинарот Фуркан Салиу

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Каевски: Паничните лаги на ДПМНЕ и сеењето магла се поради фактот што Мицкоски го загуби ТВ дуелот од Ковачевски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Каевски: ВМРО-ДПМНЕ е изолирана во својот став против Европа и нема план за иднината

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски