(ВИДЕО) Каевски: Пристапувањето кон ЕУ обезбедува пристап до европските фондови

Од:

СДСМ со своите одговорни политики посветено работи на реализација на стратешките цели на државата и граѓаните, поставени при осамостојувањето на државата. Станавме полноправна членка на НАТО, ги започнавме преговорите за членство во Европската унија. Процесот на евроинтеграција носи конкретни придобивки за државата и за граѓаните, унапредување на инфраструктурата, развој на економијата, раст на стандардот. Европската унија минатиот месец одобри грантови со вкупна вредност од 225 милиони евра за Северна Македонија, за големи инвестициски проекти, изјави на прес конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

– Со 150 милиони евра, европски пари, се финансира изградбата на железничкото поврзување со Бугарија во рамки на Коридорот 8 и тоа делот од Крива Паланка до границата со Бугарија. Европски средства се наменети и за енергетиката, што е особено важно во услови на криза. Од тоа 1,6 милиони ерва за набавка на опрема за Осломеј 1 – Фотоволтаична станица и 5 милиони евра за набавка на опрема за Осломеј 2 и Битола – Фотоволтаична централа.

Со грант од 70 милиони евра се финансира проектот за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје. Ова е само почеток на слевањето на европските инвестициски гранотви во државата. Со помош на европски средства ќе се унапредува инфраструктурата, енергетиката, заштитата на животната средина, а секако тука е и континуираната поддршка од ЕУ за земјоделскиот сектор, која ќе се одвива низ програмите ИПА 3 и ИПАРД 3.

Пристапувањето кон ЕУ обезбедува пристап до европските фондови. Со максимално искористување на европските пари ќе може да продолжиме со забрзан процес на реформи кои се неопходни во процесот на напредување кон членство во Унијата, и сето тоа со една единствена цел – подобар, полесен и помирен живот за граѓаните.
А, граѓаните знаат дека со евроинтеграцијата следува развој, напредок, поголеми плати, европски вредности и сигурна иднина токму затоа и застнаа зад вистинските политики на СДСМ на вонредните локални избори во саботата – рече Каевски.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа