(ВИДЕО) Каевски: Претседавањето со ОБСЕ е историски успех на македонската држава

Од:

2023 година почна со огромен успех за македонската дипломатија, за македонската држава, изјави портпаролот на СДСМ и пратеник, Дарко Каевски.

„Од 1 јануари Северна Македонија е претседавач со ОБСЕ, најголемата безбедносна организација, во која членуваат 57 држави, меѓу кои и САД и Русија. Во година во која сè уште трае руската агресија врз Украина, македонската дипломатија ќе има сериозен тест во одржување на светскиот мир и стабилност. Но, истовремено, ова е добра шанса за дополнително зајакнување на меѓународната позиција на нашата држава.

Ако пред само неколку години нашата држава беше категоризирана како заробена и потенцијален извор на нестабилност, денес Северна Македонија претседава со најголемата безбедносна организација во светот. Денес, нашата држава е полноправна членка на НАТО и ги почна преговорите за членство во ЕУ, со заштитен македонски јазик и со потврден македонски идентитет. Денес, седиме на главните маси, каде што се одлучува за иднината на Европа и светот.

Сето тоа, почитувани, е резултат на успешните и одговорни политики на Владата предводена од СДСМ“, рече Каевски.

Тој нагласи дека претседавањето со ОБСЕ е уште еден државнички успех на СДСМ и поттик за нови успеси на меѓународен и домашен план.

Како одговорна државотворна партија продолжуваме со реализација на политиките што го унапредуваат меѓународниот углед на државата, порача Каевски.

Би можело да ве интересира

Одложено рочиштето против екс директорите на АМС за злоупотреба на спортски ваучери

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

(ВИДЕО) Каевски: ДПМНЕ го врати ВМРО-МВРО на најбезобразен начин, СДСМ бара ослободување на новинарот Фуркан Салиу

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Каевски: Паничните лаги на ДПМНЕ и сеењето магла се поради фактот што Мицкоски го загуби ТВ дуелот од Ковачевски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Каевски: ВМРО-ДПМНЕ е изолирана во својот став против Европа и нема план за иднината