Сите овие панични знаци на нервоза од ДПМНЕ доаѓаат откако Мицкоски го загуби ТВ дуелот од Ковачевски. ДПМНЕ немаат понуда пред граѓаните ниту план за иднината. Затоа се обидуваат да ја сменат темата, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.
– За нивна жал, TВ дуелот го видоа голем број граѓаните, снимен е и објавен и не може да се избрише без разлика каква магла се обидуваат да произведат. Со нивните лаги ние нема да се занимаваме. СДСМ има јасен план и визија за европска иднина и тоа го претставуваме пред граѓаните – рече Каевски.