Преку одговорните, ефикасни мерки и политики на Владата предводена од СДСМ, македонската економија станува атрактивна за сериозни, големи странски инвестиции. Владата предводена од СДСМ донесе одлука за давање согласност на Договорот за државна помош на компанијата „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“ од Ахен, Сојузна Република Германија. Во Северна Македонија ќе се произведуваат електрични возила, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.
– Фабриката ќе се изгради во Технолошко индустриската развојна зона во Тетово и тоа ќе биде прва фабрика во нашата држава во која целосно ќе се продуцира електричен автомобил.Ова ќе значи отворање на нови работни места, воведување на нови технологии и знаења, зголемен извоз на производ со додадена вредност, како и ставање на Северна Македонија на мапата на земји производители на електрични автомобили.
Заедно со придружните дејности, со оваа фабрика се очекува да се отворат три до четири илјади работни места, што ќе придонесе за развој на само на Тетово, туку и на останатите општини од Полошкиот регион и државата.Оваа мултимилионска инвестиција е доказ дека Северна Македонија има стабилна и конкурентна економија, сигурна за сериозни странски инвеститори.
И во време на светска економска криза, се потпишуваат договори за нови инвестиции, се отвораат нови работни места.Истовремено, бележиме раст на извозот и постојан раст на просечната плата.Сето тоа е показател дека економските политики на СДСМ даваат резултат и се дополнителен мотив да продолжиме да работиме посветено на нови мерки кои го унапредуваат животниот стандард на граѓаните и гарантираат економски раст и развој – нагласи Каевски.