(ВИДЕО) Каевски: Нова афера, градоначалниците на ДПМНЕ купувале неколкупати поскапи машини од реалната цена!?

Од:

Нова афера со астрономски суми, односно сомнителни јавни набавки со цени над реалните ги тресе градоначалниците на ДПМНЕ. Податоците и документите јавно објавени во дел од медиумите покажуваат дека градоначалниците на ДПМНЕ преку општините купувале неколкупати поскапи машини од реалната цена.Општина Битола на пример, набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација за речиси 50.000 евра, или точно 2 милиони и 950 илјади денари. Иако вакви машини може да се најдат и за 2-3 илјади евра, па дури и помалку, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

– Замислете, станува збор за разлика од 47.000 евра! Општина Велес исто така набавила ваква машина по исто така астрономска сума од 42.000 евра. Разлика од речиси 40.000 евра. Прашањето е во чии џебови завршила разликата? Особено имајќи предвид дека општина Илинден набавила иста таква машина по три пати помала цена од оние во Велес и Битола?!

Дали е ова уште еден пример за рацете во медот на првите луѓе во општините од страна на ДПМНЕ? Сите овие информации се основано сомнение за злоупотреба на парите на граѓаните. Го повикуваме надлежното Јавно обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата да постапат, да го испитаат целосно случајот. Рацете во медот е одлика за градоначалниците од ДПМНЕ и Јавното обвинителство и ДКСК мора да постапат. Ако е ова шема за испумпување народни пари преку општините водени од ДПМНЕ мора да има одговорност – изјави Каевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

(ВИДЕО) Каевски: ДПМНЕ го врати ВМРО-МВРО на најбезобразен начин, СДСМ бара ослободување на новинарот Фуркан Салиу

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Каевски: Паничните лаги на ДПМНЕ и сеењето магла се поради фактот што Мицкоски го загуби ТВ дуелот од Ковачевски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Каевски: ВМРО-ДПМНЕ е изолирана во својот став против Европа и нема план за иднината

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски