(ВИДЕО) Каевски на младинска трибина: Спроведуваме мерки за младите да останат тука, младите директно учествуваат во креирањето на политиките

Од:

На оваа Влада најважни и се младите, а тоа го покажавме со бројни мерки со кои го подобруваме стандардот на младите, на граѓаните во нашата држава – истакна претседателот на СДММ, Дарко Каевски, на младинска трибина под мотото „Иднината на Европа”во организација на СДММ.

– Преку младинската гаранција во 2018 година, 1935 млади луѓе, а дополнителни 4100 имаа доедукација, пракса ,зголемување на вештините со цел да бидат поконкурентни и атрактивни на пазарот на трудот. Преку младинската европска картичка, младите имаат низа поволности и можности во повеќе дејности, како угостоителство, транспорт, културни и спортски настани, а важи во сите европски развиени држави.-истакна Каевски.

Како дел од мерките кои го потикнуваат претприемачкиот дух на младите Каевски ги посочи и мерките преку кои младите се помагаат и охрабруваат да отворат сопствен бизнис. 400 земјоделци добија грантови од 10 илјади евра за инвестиции во земјоделството и вложивме над 34 милиони денари во подобрување на ИТ вештините кај младите.

Истовремено, се работи на подобрување на условите во кои престојуваат студентите, во таа насока се и реконструкцијата на блоковите В и Г на студенскиот Гоце Делчев,а во тек е постапката за реконструкција на Стив Наумов. Затоа што студентите заслужуваат подобар стандард и со сето ова кое што го правиме верувам дека сме на правиот пат-порача Каевски.

Тој посочи дека денес младите имаат можност директно да учествуваат во креирањето на политиките и затоа тие се охрабрени да одат по патот кој носи иднина, просперитет и поголеми можности.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он