Скандалот во кој обезбедувањето на Христијан Мицкоски тепаше полицаец, отвори многу прашања. Освен што со тепањето го покажа вистинското, криминално лице на ВМРО-МВРО, јавноста треба да знае зошто обезбедувањето на Мицкоски седи пред вратите на кафе бар навечер, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.
– МВР и техничкиот министер за внатрешни работи од ДПМНЕ треба да излезе пред граѓаните и да одговори: Која била улогата на обезбедувањето на Мицкоски? Дали неговата задача била да спречи акција против дилери на дрога? Дали тие дилери на дрога се поврзани со Христијан Мицкоски и ДПМНЕ и на кој начин? Граѓаните ги очекуваат одговорите. Институциите мораат да постапат и секој инволвиран да понесе одговорност. Овој скандал кој води директно со белата палата мора да биде расчистен целосно – рече Каевски.